;
Користиме колачиња како би го подобриле корисничкото искуство. Доколку продожите со користење на продавницата, Вие ги прифаќате условите за користење. Повеќе информации

Традиционален стил

26. 02. 2021.

Инспирација за традиционалниот стил пронаоѓаме во одредени историски епохи. Имаме викторијански, колонијален, како и стилови карактеристични за одредени подрачја. Не е лесно да се класифицира бидејќи е мешавина од споменатите стилови, но може да речеме дека никако не е модернистички, современ, ниту минималистички”

Големите обработени и дефинирани површини се важна одлика на овој стил во уредувањето на просторот. Sидните и подните површини најчесто се обложени со плочки кои по дизајнот варираат од историски до винтиџ, а нивните облици можат да бидат хексагонални или правоаголни со соборени ивици. Не се исклучува можноста да се употребат некои традиционални елементи од конкретното подрачје, како што се на пример дрвени греди, прозори и врати кои се обработени на специфичен начин. Се користат тапети со флорални мотиви, а ивиците помеѓу sидовите и плафонот можат да бидат обработени си гипсени украси.

Мотивите за декорација и целокупниот изглед се превземени од природата, според изгледот на каменот, дрвото, теракотата, но не е исклучено и да се коористат токму овие материјали.”

Кога станува збор за намештајот најзастапени се природните материјали. Дрвото со висок квалитет секогаш може да најде примена за клупи, ормари, столови, држачи за лавабои и други функционални елементи. Најчесто се користат јавор, даб и цреша, но тоа пре се зависи од достапноста на видот на дрвото во конкретниот регион-подрачје.

 

Материјали и бои

Секако дека и металот е важна одлика на традиционалниот стил. Најчесто е употребен кај украсните ламби, оков за намештај и столарија, држачи за крпи и друга опрема. Се користат бронза, железо, месинг.

Што се однесува за санитаријата и тука изборот е на природните материјали како што се каменот и порцеланот. Во последно време, со развојот на технологијата, се појавуваат и композитни, т.н. Solid Surface материјали кои ги поседуваат карактеристиките на дрвото, каменот, порцеланот и сл. Тие се изработуваат во голем број на дизајни, а се применуваат во простори каде има високо ниво на влага. Овие материјали имаат одлична примена при изработка на лавабои и работни плочи бидејќи се лесни за одржување, отпорни се на влага и на високи температури, изгледаат природни и доколку настане површинско оштетување постои можност за санација.

Боите кои се користат најчесто се со светли тонови, од бела, беж, па се до темно кафена. Некогаш може да се појават и темно сина и црвена боја кои се во тесна врска со традицијата за уредување на просторот во конкретното подрачје. Текстилните простирки, крпите и другата опрема се исто така во светли бои и го дополнуваат доживувањето на просторот.