;
Користиме колачиња како би го подобриле корисничкото искуство. Доколку продожите со користење на продавницата, Вие ги прифаќате условите за користење. Повеќе информации

Одржување на керамичките плочки

26. 02. 2021.

Керамичките плочки се застапени во сите домови. Се вградуваат за да се заштитат површините, поради естетски причини или едноставно поради лесно одржување на просторот. Може да се разликуваат по видот, големината, стилот, бојата, цената или по тоа колку лесно се одржуваат.

За да се употребат на подни или ѕидни површини, за внатрешни или надворешни површини, керамичките плочки може лесно да се одржуваат доколку се почитуваат основните постапки за нивно зачувување.

Првото чистење на керамичките плочки би требало да биде веднаш по поставување на масата за фугирање. Доколку сакате нивно темелно чистење, тоа може да го направите со растворувач за чистење и топла вода. При тоа морате да се придржувате до упатствата за примена на средствата за чистење кои се наоѓаат на нивната амбалажа.

За секојдневно одржување на плочките можете да ги бришете со водена крпа, а да ги исушите со сува крпа или сунѓер. На овој начин ќе избегнете таложење на прашна, мувла или минерали (бигор) на самите плочки.

Кога ќе забележите потемнување на фугата, можете да направите раствор за чистење составен од ¼ шол со слаб детергент и 10 литри вода. Потоа земете сунѓер, натопите го во растворот и исчистете ги површините. По чистењето исперете ги плочките со вода. Ако површините не може да се исчистат со слаб детергент, тоа може да се направи со белило во чиј состав има хлор и вода за да може да се отстрани целата нечистотија. Во овој случај прозорците мора да бидат целосно отворени за да се овозможи провев во просторијата и задолжително да се употребуваат заштитни очила и заштитни гумени ракавици.

За чистење на керамичките плочки не треба да се употребуваат силни абразивни средства (солна киселина, варикина...), бидејќи тие може да ја оштетат површината на плочките. Имајте во предвид дека постојат плочки отпорни на абразивни средства, но на нивната амбалажа е наведено тоа.

Доколку не се придржувате на препораките и советите за вградување и одржување на керамичките плочки, одговорноста е ваша доколку дојде до нивно оштетување.

Производите за чистење и одржување на бањи кои ги имаме во понудата може да ги најдете ОВДЕ.