Животен простор инспириран од природата
26. 02. 2021.
Керамичките плочки традиционално се употребуваат за декорација на бањи и тоалети, кујни, ходници, тераси и други надворешни површини. Овозможувале овие површини да ја добијат бараната естетика и истовремено да ги заштитат од влијанието на вода и влага. Каде што е потребно ќе се применат керамичките плочки за заштита и одржување на просторот, а каде нема потреба од нив, ќе се применат други материјали за подовите и ѕидовите.
Идејата керамичките плочки да се применуваат и во други простории била ограничена со самото сфаќање дека керамиката е ладен материјал кој ретко може да се примени во простории во кои сакаме да бидат затоплени и во кои поминуваме најмногу време: дневните и спалните соби. Изборот на дизајнот (декорациите) на керамичките плочки исто така не помогнал во популаризација на идејата да се помести границата каде е адекватно да се постават керамички плочки.
Напредокот на технологијата и развојот на дизајнот во последните години придонесуваат да се усовршат материјалите и практично да се избришат границите за примена на керамичките плочки.
Плочките со различни формати и голем број на дизајнерски решенија денес овозможуваат покрај заштитната функција во дневните и спалните соби да обезбедат, топлина на вашиот дом (преку системите за подно греење) и декорација на просторот, со многу поголеми можности од класичните материјали за обложување на подовите.
Овој тренд овозможува природниот материјал, како што е керамичката плочка, да го замени ламинатот, винилот, линолеумот и другите подови со примеси на PVC материјал и така што овозможуват многу поздрава и значително трајна облога за вашите подови и ѕидови во дневните и спалните соби. И секако, не треба да се заборави и аспектот на економичност каде поставувањето на керамички плочки претставува заштеда во однос на класичниот паркет, а одржувањето е значително олеснето. Конечно, технологијата овозможува исклучителен квалитет и разновидност на дизајни, така што денес можете да вградите плочки кои во потполност изгледаат како дрво, камен, мермер, бетон, текстил или тапети.
Компанијата ЕНМОН која во соработка со партнерите од Италија, Шпанија, Турција и од други земји обезбедува широка палета на дизајни на плочки и декоративни елементи. Време е да го освежите својот простор и да обезбедите пријатен престој.
Погледнете ги најновите плочки во понудата ОВДЕ