;
Користиме колачиња како би го подобриле корисничкото искуство. Доколку продожите со користење на продавницата, Вие ги прифаќате условите за користење. Повеќе информации

Планирање на купатило

26. 02. 2021.

Дизајнирањето на совршен купатилски простор е возбудлив, но исцрпувачки и предизвикувачки процес, било да станува збор за реновирање или за проектирање и изградба од сам почеток. Поради тоа ЕНМОН започнува со своја блог страница на која ќе објавуваме текстови од нашиот стручен тим на дизајнери кои ќе Ви помогнат во планирањето и дизајнирањето, како и при изборот на материјалите и опремата, изборот на бои, креирањето на стилот...

Иако купатилото е просторија со тоалет, када, лавабо и туш, просторија која е неопходна во секој дом, таа е и место каде ние ги бараме нашите 5 минути. Современиот начин на живот му дава на овој простор нова димензија - СПА простор во кој можете да се одморите, да се посветите на себе и да се релаксирате. Во овој простор го запираме времето. Се пголеднуваме во огледалото и размислуваме кои сме, што сме постигнале до сега и на каде не водат новите одлуки. Тоа е место за утеха, за мир, за уживање. Тоа е место каде за прв пат неспретно се бања бебето, место каде децата со весел жагор прскаат со ситни капки насекаде, каде ги цртаат своите замисли на замагледните стаклени површини...

Купатилото не е дел од нашиот материјален свет - тоа е дел од нашите убави спомени, важен дел од нашиот живот. Поради тоа треба внимателно да го испланираме.

Што треба да се земе во предвид?

Потребно е да се обрне големо внимание на големината и обликот на просторот со кој располагате и кој треба да го прилагодите на сите кои живеат во домот, земајќи ги во предвид нивната возраст, висина, евентуалните нивни специфични потреби, а потоа и на активностите кои се одвиваат во тој простор. На пример, поставете си го прашањето: дали кадата би ја користеле сам или со некој друг во исто време? Дали се туширате сами? Ако одговорот на прашањето е не тогаш може да Ви се потребни 2 батерии во туш кабината или 2 лавабоа во купатилото за заедничка подготовка за на работа. Многу е важно да се земе во предвид како купатилото се користи (навики, рутини, ритуали - дневни или неделни итн..). Во зависност од тоа како и колку време поминувате во купатилото материјалите и опремата можат да бидат различни. Доколку сакате да се опуштате во када, со свеќи и смирувачка музика, израдувајте се себеси со удобен амбиент со пригушено светло кое ќе придонесе за Вашето уживање. Ако купатилото го користи повеќе члена фамилија со мали деца обрнете внимание на мебелот за одлагање и сместете ги средствата за чистење надвор од дофатот на децата. Просторот дополнете го додатен мебел кои ќе му ја олесни на детето употребата на санитаријата и опремата. Доколку купатилото го користат постари лица треба наместо када да се постави туш кабина која го олеснува пристапот до тушот. Туш просторот потребно е да има држаци за раце, столица, противклизен под итн... Кога го дизајнирате Вашето купатило размислете колку години планирате да го користите тој простор и дали тоа ќе може да одговори на Вашите потреби со тек на времето.

Преку овој процес на дизајнирање ќе откриете што е се потребно да поседува Вашето купатило. На тој начин полесно ќе ги одберете материјалите и опремата во однос на карактеристиките на просторијата, во однос на Вашите навики и желби, па после тоа во склопот на Вашиот буџет ќе можете да креирате амбиент прилагоден на Вашите потреби и вкусови”

Најдобро е да на почетокот го замислите своето купатило од соништата.

 

Најдобро е да си креирате слика од посакуваната просторија, иако веројатно од нешто ќе треба да се откажете. Следен чекор е да направите листа на се што Ви е потребно и да погледнете што од тоа можете да си дозволите. Додатните елементи кои во моментот неможете да си ги дозволите треба да остана на листата доколку се одлучите проектот да го реализирате во повеќе фази. Секако дека треба да започнете со решавање на важните работи: распоредот во просторот, инсталации, позиционирање на санитаријата и опремата. Прочитајте го нашиот следен пост во кој Ви ги откриваме потребните димензии на слободен простор за сите елементи како Вашето купатило би било што пофункционално. Функционалнотот купатило е најудобно купатило.