;
Користиме колачиња како би го подобриле корисничкото искуство. Доколку продожите со користење на продавницата, Вие ги прифаќате условите за користење. Повеќе информации

Crnoto e sekogaš vo trend

09. 06. 2023.

Crnoto e sekogaš vo trend

Во светот на ентериерот, трендовите доаѓаат и поминуваат, но еден што веќе подолго време опстојува е црната бања. Спротивно на вообичаеното мислење дека бањите треба да бидат светли и да преовладуваат белите тонови, трендот на црната бања ја освои светската дизајн сцена, нудејќи уникатна комбинација на елеганција, современост и мистериозност. Црната, во вистинска смисла, претставува темна неутрална нијанса, која истовремено создава драматична атмосфера, мистериозност, длабочина, чистота и елеганција. Денес може да се најде во било кој дел од опремата за бања и не е невообичаено да оваа боја преовладува во просторот.

Во овој блог, ќе ги појасниме причините зошто црните бањи се во тренд и ќе ги посочиме предностите и недостатоците на вградувањето на црни елементи како кади, мијалници, славини, плочки за ѕидови или подови во Вашиот дом.

Црните бањи имаат изразит стил и можност за создавање на луксузен и елегантен изглед во секој дом. Тие никогаш не стануваат клише и овозможуваат експериментирање со различни бои и стилови. Црните кади можат да станат централен дел на просторот, додека мијалниците и славините создаваат модерна и стилизирана естетика. Црните плочки, ѕидни или подни, внесуваат драматичност и можат да бидат прекрасен контраст на другите елементи во купатилото.

Сепак, треба да се земат во предвид и некои недостатоци на црните елементи во бањата. Потребно е редовно одржување за да се зашува сјајот, за да се одбегат дамки од вода и отиосци од прсти. Во помали простории црните елементи можат да делуваат претерано и да го намалат визуелниот простор. Исто така темните елементи можат да придонесат кон ладна атмосфера во просторот и затоа е важно правилното осветлување на бањата и додавање на контрастни елементи за избегнување на овој ефект.

 

Што е тоа што црните елементи во бањата ги прави посебни?

 

  • Впечатокот на набљудувачот: Црните бањи оставаат силен впечаток на гостите. Драматичниот контраст кој го создаваат црните елементи наспроти светлата позадина веднаш го привлекува вниманието.
  • Вечна елеганција: Додава нота на луксуз и софистицираност во секој простор, вклучувајќи ја и бањата, правејќи ја модерен избор кој секогаш ќе биде во тренд.
  • Повеќенаменски: Црната боја добро се комбинира со различни бои, материјали и стилови на дизајн. Независно дали Вашата бања има модерна, минималистичка, индустриска или дури и ретро естетика, црната боја може лесно да се вклопи и да го подобри вкупниот визуелен изглед.
  • Длабочина и димензија: Црните елементи во бањата додаваат длабочина и димензија на просторот. Креираат чувство на визуелна интрига и си играат со светлината и сенките, создавајќи магична атмосфера.
  • Лесно вклопување: Црната боја е неутрална боја што лесно се вклопува со другите елементи во купатилото. Од белата до металик боите, црната боја создава впечатлива позадина за другите дизајнерски детали, овозможувајќи Ви да експериментирате со разни комбинации.

Вклучувањето на црни елементи во дизајнот на бањата бара внимателно размислување и планирање. Еве неколку совети кои ќе Ви помогнат да создадете совршена црна бања што никого нема да го остави рамнодушен, истовремено избегнувајќи некои од почетничките грешки.

5 совети кои ќе Ви помогнат во планирањето

 

  1. Осветлувањето е важно - За да спречите бањата да изгледа премногу темна и мрачна многу е важно да имате соодветно осветлување. Природната светлина, кровни прозорци или стратегиски поставено вештачко осветлување може да помогне во осветлувањето на просторот и создавање на пријатна атмосфера.
  2. Контраст за совршен изглед - Балансирајте ја темнината на црните елементи со светли нијанси на ѕидовите, плафонот и другите површини. Овој контраст ќе создаде визуелна рамнотежа и ќе спречи просторот да изгледа претешко и темно.
  3. Играјте се со текстури - Црните елементи даваат одлична можност за внесување на текстура во дизајнот на бањата. Размислете за користење на текстурирани плочки, мат завршни обработки или дури и блескави детали за додавање на длабочина во просторот.
  4. Разгледајте ги ограничувањата на просторот - Во помалите бањи важно е да размислите за пропорциите и големината на црните елементи. Одберете помали уреди или користете црна како акцентна боја, наместо да преовладува над целиот простор.
  5. Одржување и чистење – Имајте во предвид дека на црните површини полесно се забележува прав, дамки од вода и отисоци од прсти. Редовното чистење и одржување се неопходни Вашата црна бања да изгледа совршено. Изберете материјали што се лесни за чистење и размислете за користење на специјализирани производи за чистење.

Заклучок. Кога се одлучувате за црни елементи во бањата треба внимателно да планирате за да го постигнете посакуваниот естетски изглед. Балансирањето на темните елементи со светли нијанси, играњето со текстури и водење сметка за ограничувањата на просторот се важни фактори. Исто така треба да бидете свесни за потребата од редовно чистење и одржување на црните површини.

 

Влијанието на црната када врз дизајнот на Вашата бања

Црната када претставува централен дел на бањата и додава луксузен и раскошен изглед на просторот. Со нејзино правилно позиционирање и соодветен контраст во однос на неа, добивате елемент со посебна убавина во Вашата бања. Самата када може да евоцира чувство на луксузен спа-центар, особено ако станува збор за самостоечка када, со што допринесува за Вашето максимално опуштање и уживање. Еден од недостатоците е што е потребно редовно чистење и одржување за да изгледа безпрекорно. Во помалите бањи црната када може да преовладува во просторот создавајќи визуелно чувство на теснотија. Ако веќе ја замислувате самостоечката црна када во Вашата бања, од нашата понуда ја препорачуваме елегантната LB 1018 када

 

Славини – за оние со истенчен вкус

Црните славини креираат модерен и стилизиран изглед, додавајќи нота на софистицираност на бањата. Тие се достапни во различни завршни обработки, од мат до сјајни, што Ви овозможува да го изберете оној што најдобро се вклопува во дизајнот на Вашата бања. Еден од недостатоците на црните славини и што треба да се истакне се дамките од вода и отисоците од прсти кои се поизразени отколку на класичните славини, па бараат често чистење. Достапноста на резервни делови за црните славини може да биде ограничена во споредба со класичните славини.

 

Ѕидни или подни плочки - WOW

Црните плочки претставуваат впечатлив визуелен елемент создавајќи чувство на драматичност и луксуз. Тие можат да служат како прекрасен контраст на другите светли елементи во бањата како што се мијалниците или орманчињата. Во комбинација со светли тонови како сиво, бело или дрвена боја, можат да обликуваат еден впечатлив ентериер. Нивен недостаток е што дамките од вода и остатоците од сапун се поприметливи и бараат редовно чистење и одржување за да изгледаат моќно. Плочките во темни бои можат да направат бањата да изгледа поладно и затоа е важно просторот да се осветли и да се додадат контрастни елементи. За инспирирачка и елегантна бања - погледнете ја нашата колекција на црни плочки.

 


Врвна елеганција – црн мијалник

Црните мијалници лесно се вклопуваат во различни стилови на дизајн, од класичен до модерен. Независно од останатиот дел на бањата, црниот мијалник може да биде во хармонија со секој елемент. Тие создаваат контраст во просторот, особено ако останатите делови од бањата се светли. Тие стануваат фокусна точка и се истакнуваат како централен елемент на дизајнот. Некои од недостатоците кои може да се појават ако не се обрне внимание при купување на црниот мијанлник се чувството на теснотија и губење на просторот во случај на мала бања. Уште еден т.н недостаток е фактот дека црните мијалници можат да ја апсорбираат светлината во просторот што може да створи потреба од дополнително осветлување за доволна видливост. Ова може да биде особено важно за бањи без природна светлина. За Вас издвоивме од нашата понуда на црни мијалници.

 

Иако повеќето луѓе би рекле дека не се навикнати да гледаат такви темни простории, присуството на црната боја во модерните, но и ретро простории, докажува дека луѓето денес се се поотворени кон овој начин на уредување. Бидејќи црната боја визуелно го намалува просторот важно е да се истакне дека треба да бидеме умерени во нејзината примена, за да не дојде до контра ефект во кој црната боја ќе асоцира на страв и тага и ќе предизвика клустрафобија кај луѓето. Црната боја во бањата никако не може и не смее да биде единствената боја.

Најчестите комбинации со црни елементи се сите сиви нијанси, белата, златната, сребрената и бакарната, или дури дрво дизајн во светли тонови. Доколку бањата е со помали димензии тогаш е подобро да се одлучите за светли тонови и црната боја да ја искористите во деталите. Употребата на златни или сребрени детали ќе создаде впечаток на луксузен и богат ентериер. Ако се одлучите за црни подни плочки тогаш ѕидните површни нека бидат во светли бои, со различни шари или мозаик. Оваа комбинација ќе направи Вашиот простор да изгледа визуелно поголем!

Расветата која е поставена во просторијата каде што се користи црната боја има една од главните улоги во целокупното уредување на бањата. Доколку добро изберете и добро го распоредите осветлувањето ќе добиете соодветна светлина, компензирајќки ја загубата при користење на црната боја

За сите несигурности или дополнителни прашања, слободно контактирајте не. Нашата екипа Ви стои на располагање.