Производството на лепак за плочки е резултат на следењето на потребите на пазарот. На самиот почеток производството беше со скромни капацитети. Растот на компанијата и на пазарните потреби, како и вистинската желба на пазарот да се понудат квалитетни производи со кои може да се гарантира вградувањето на било кој тип на керамика купена во ЕНМОН, создаде потреба за проширување на производните капацитети.

ЕНМОН преставува гаранција за продажба на системи за вградување со што компанијата може да се пофали.

Повеќе информации за асортиманот на производите ENOKOL можете да добиете овде или да го посетите сајтот www.enokol.mk

Погледнете ги сите наши брендови ОВДЕ.

 


 

STAR FLEX

Подобрен флексибилен цементен лепак за впивливи, невпивливи и проблематични површини.

STAR FLEX се препорачува за плочки со поголеми димензии каде едната страна не е подолга од 120см. Овој лепак е класифициран со ознака C2TE S1 според стандардите на Европската унија (EN 12004). STAR FLEX е исклучително јак и флексибилен лепак, без пролизгување и со продолжено време за обработка.

STAR FLEX е лепак со подобрена впивливост и деформабилност, за сите типови на керамички плочки, стаклени мозаици и природен камен, за впивливи, не впивливи како и за проблематични подлоги, подно греење, гипс картон, фасадна керамика, лепење плочка врз плочка, на внатрешни или надворешни површини.

Фугирањето е возможно после 6 до 8 часа кај ѕидните, додека кај подните после поминати 24 часа од  вградувањето на плочките. Оптимална температура за примена е од +5 C до +35 C. Потрошувачката се движи во распон од 2,5 до 5 кг/м2.

 


 

ULTRA FLEX LITE

Високо квалитетен, флексибилен цементен лепак со ULTRA LIGHTWEIGHT технологија
 

ULTRA FLEX LITE се препорачува за плочки со големи димензии каде една стран не преминува 300 см. ULTRA FLEX LITE је класифициран со ознака C2TE S1 според стандардите на Европската унија (EN 12004) што го чини исклучително јак и флексибилен лепак, без пролизгување и со продолжено време за обработка.

Основна предност на овој леапк е што со вреќа од 15кг, благодарејќи на ULTRA LIGHGTWEIGHT технологијата, со додавање на вода добивате смеса со која може да залепите повеќе плочки отколку со 25 кг вреќа регуларен лепак.

Фугирањето е возможно после 6 до 8 часа кај ѕидните, додека кај подните после поминати 24 часа од вградувањето на плочките. Оптимална температура за примена е од +5 C до +35 C. Потрошувачката зависи од полдогата и се движи во распон од 1,5 до 2,5 кг/м2.

 


 

ENOKOL 011

ENOKOL 011 лепакот се препорачува за лепење на впивливи керамички плочки, на впивливи надворешни и внатрешни подни и ѕидни површини. ENOKOL 011 има класификација C1TE според стандардите на Европската Унија (EN 12004). Фугирањето е можно поле 24 часа. Потрошувачката на лепак се движи околу 5 кг/м2.  

ENOKOL 016

ENOKOL 016 лепакот се препорачува за лепење на гранитна керамика, на впивливи надворешни и внатрешни подни и ѕидни површини. Може да се користи за лепење на плочки на подови каде има инсталирано подно греење, на помали површини. ENOKOL 016 има класификација C1T според стандардите на Европската Унија (EN 12004). Фугирањето е можно поле 24 часа. Потрошувачката на лепак се движи околу 5 кг/м2.

ENOKOL 018

ENOKOL 018 е флексибилен лепак со полимерен додаток за подобрување на цврстината и деформабилноста, за надворешна и внатрешна употреба. Се препорачува за лепење на секаков вид на керамички плочки, мозаици, гранитни плочки, природен камен, фасадни керамички плочки, плочка врз плочка, како и врз флексибилни подови и гипс картон плочи. ENOKOL 018 има класификација C1TE S1 според стандардите на Европската Унија (EN 12004). Фугирањето е можно поле 24 часа. Потрошувачката на лепак се движи околу 5 кг/м2.

 


   

ENOFUG PRO смеса за фугирање

ENOFUG PRO е водоодбојна смеса за фугирање со "лотус ефект" на цементна база за ширина на фуга од 0 до 8 мм, за внатрешна или надворешна употреба. Се препорачува за фугирање на секаков вид на керамика на подни и ѕидни површини, особено на места каде е потребно да се спречи продор на влага. Се одликува со минимален процент на впивање на вода и одлична отпорност на абразија. После фугирањето останува глатка површина која е лесна за одржување.

Смесата е достапна во 16 бои.

ENOFUG PRO е класифицирана со ознака CG2 WA според стандардите на Европската Унија (EN 12004). Потрошувачката зависи од ширината на фугата и димензијата на плочките и се движи од 0,15 до 1 кг/м2. 


MONOFLEX смеса за хидроизолација 1К

MONOFLEX е еднокомпонентен хидроизолационен премаз на цемента основа со додадени полимерни адитиви. Се користи за хидроизолација на тераси, бањи, туш кабини како и  за слој пред вградување на плочките. Исто така може да се користи и за хидроизолација на бетонски елементи, малтери и цементи елементи. MONOFLEX одличо се врзува на сите бетонски подлоги, керамика и камен. Се нанесува во 2 слоја во дебелина од макс. 2 мм. После 24 ч може да се вградуваат плочките. Потрошувачка 1,15 до 1,25/мм/м2.

ENO-FLEX маса за хидроизолација 2К

ENO-FLEX е двокомпонентен флексибилен малтер на база на полимерно модификуван цемент за хидроизолација на тераси, базени, бањи и сите други бетонски површини кои треба да бидат изолирани и да се псречи продор на вода. ENO-FLEX се поставува пред вградувањето на плочките. Се нанесува во два слоја, макс. 1мм дебелина на слојот. После 48ч можно е поставување на плочките. Ако станува збор за резервоар за вода или базен поставувањето на плочките е можно после 7 дена. Потрошувачка 16 кг/мм/м2.

 


 

 

ENO PRIME M основен премаз за впивливи површини

ENO PRIME M се препорачува за ѕидни и подни површини, за внатрешна и надворешна употреба. Се користи како основен премаз на цементни кошулки, малтри и бетони. Откако ќе се нанесе и исуши површината станува рамномерно впивлива и нејзината впивливост значително се смалува. Кај невпивливите - глазирианите површини и на гипс картон плочи се користи ENO PRIME G.

ENO PRIME M  се разредува со вода во размер 1:2. Потрошувачка: 30-90 гр/м2 во зависност од примената.

ENO PRIME G основен премаз за невпивливи површини

NO PRIME G се препорачува за проблематични ѕидни и подни површини, за внатрешна и надворешна употреба. Се користи како основен премаз на површини на кои има веќе поставено керамикиа, на површини од пририден или вештачки камен, врз кои треба да се вградат плочки или да се изврши ниверлирање на површината со ENOLIV.

Исто така може да се користи како основен премаз на гипс плочи и на исте минерални површини. Се разредува со вода во размер 1:3. Потрошувачка: 30-90 гр/м2 во зависност од припремата.

 


 

ENOLIV смеса за нивелирање на хоризонтални површини

ENOLIV е брзосушечка смеса за нивелација на подни површини за внатресна употреба. Исклучително е отпорна на механички оштетувања. Се користи за слоеви до 10 мм. Постои можност да се нанесе во два слоја, односно вториот слој се нанесува откако ќе се исуши првиот. Може да се користи за нивелација на површини пред нанесување на хидроизолацијата, керамиката или други подни облоги.

ENOSTIR лепак за стиропор

ENOSTIR лепак за стиропор и стиродур со исклучително фина структура. Се препорачува за лепење и дополнителна обработка како што е поставување на мрежа и глетовање на стиропор. Потрошувачка: 8 кг/м2.