Во согласност со одредбите од Законот за заштита на потрошувачите и Правилникот за заштита на потрошувачите, Ве известуваме за начинот и местото за поднесување и решавање на рекламациите од страна на купувачите.

Рекламацијата е со закон регулирана постапка за решавање на приговори од страна на купувачите поради недостаток на испорачаниот производ.

Доколку на производот кој сте го порачале и сте го подигнале постои некој производно технолошки недостаток кој ја отежнува или ја оневозможува употребата на производот на вообичаениот начин, имате право да поднесете рекламација до ЕНМОН дооел Велес со цел отстранување на овој недостаток.

Како и каде да се поднесе рекламацијата?

По превземањето на производот доколку утврдите дека постои некоја причина за поднесување на рекламација можете да поднесете рекламација заедно со сметката или друг доказ за остварено купување (копија од сметката, слип и сл.):

  • Усмено на продажното место каде е купен произвоодот
  • По писмен пат на адресата на деловната единица од која сте го купиле производот или на адреса на Дирекција ЕНМОН дооел Велес, ул. Оливер Китановски бр.119, 1400 Велес
  • По електронски пат на e-mail адресата: webshop@enmongroup.com доколку производот е купен преку WEB SHOP.

Продавачот е должен на потрошувачот да му издаде писмена потврда или електронски да го потврди приемот на рекламацијата, односно да му го соопшти бројот под кој е заведена неговата рекламација во евиденцијата на примени рекламации и да издаде лист за рекламација.

Начин за решавање на рекламации

Продавачот е должен без одлагање, а најдоцна во рок од осум дека од денот на приемот на рекламацијата по писмен или електронски пат да му одговори на потрошувачот за изјавената рекламација.

Одговорот на продавачот за рекламацијата на потрошувачот мора да содржи одлука дали ја прифаќа рекламацијата, да се изјасни за барањето на потрошувачот и конкретен предлог и рок за решавање на рекламацијата. Рокот не може да биде подолг од 15 дена, односно 30 дена за техничките производи и мебел од денот на поднесување на рекламацијата. Продавачот е должен да постапи во согласност со одлуката, предлогот и рокот за решавање на рекламацијата, доколку добил претходна согласност со потрошувачот.

Доколку продавачот од објективно причини не е во можност да му излезе во пресрет на барањето на потрошувачот во рокот кој е договорен, должен е да го извести потрошувачот за продолжување на рокот за решавање на рекламацијата и да наведе рок во кој ќе ја реши, како и да добие негова согласност за што има обврска да евидентира во евиденцијата на примени рекламации. Продолжувањето на рокот за решавање на рекламации е можно само еднаш.

 

Ако потрошувачот не е во можност да му ја достави амбалажата на продавачот, тоа не може да биде услов за решавање на рекламацијата ниту да биде причина за одбивање на отстранување на несообразноста. Лицето овластено за прием на рекламации е раководител на организациска единица на ЕНМОН дооел