ROPER
Roper Co. е бренд на компанијата ENMON кој произведува мебел за бања, кади и туш кади.
Производството се одвива со користење на најсовремена технологија и користење на сировини и репроматеријали од најпрестижни Европски производители.
Тука може да дознаете повеќе за производите, а можете да ја посетите и специјализираната веб страна www.roper.rs
Погледнете ги сите наши брендови овде.
МЕБЕЛ ЗА БАЊА
Roper Co. мебелот за бањи се одликува со исклучителен квалитет и функционалност. Дизајнот ги прати современите трендови. Најважно кај мебелот, било за која просторија да е наменет, е неговиот изглед и неговата функционалност. Елементите се произведуват во стандардни димензии и овозможуваат неограничени можности за комбинација во зависност од просторот за кој се наменети и во зависност од желбите на купувачот. Сите производи се проектирани според светските стандарди за квалитет и се исклучително практични и функционални. Во нашата понуда имаме широк избор за љубителите на модерниот мебел, како и за оние кои се верни на класиката.
PREMIUM колекција
Орманчињата од PREMIUM колекцијата се изработени од фарбан медиапан со најквалитетни бои во различни нијанси или пак од иверка оплеменета со меламинска фолија во која е втисната текстура на дрво. Иверицата е заштитена со заштитен слој и секој елемент е кантиран со ABS или меламинска трака од сите негови страни со што се обезбедува потполна влагоотпорност и паронепропустливост на овие орманчиња.
Сите PREMIUM орманчиња се опремени со SLOWMOTION механизам за отварање и затварање на вратите и фиоките. Ова е уште еден детал со кој орманчињата на Roper Co. се издвојуваат на пазарот.
Расветните уреди кои ги користиме го задоволуваат IP44 стандардот (влагоотпорни) што овозможува нивно безбедно корисење во бањите. Одредени модели поседуваат ЛЕД расвета која се одликува со голема економичност и добар естетски изглед.
CLASSIC
CLASSIC орманчињата на Roper Co. се изработени од медиапан од реномираните производители KAINDL и HALLEIN, исклучително високо ниво на квалитет. Во производството користиме сиров како и оплеменет медијапан со меламинска фолија со висока грамажа. Секое парче се кантира од сите четири страни со меламинска или ABS трака.
Обработката се врши на најсовремени CNC машини со голема прецизност и квалитет на изработка. Завршната обработка на медиапанот се врши со изолант за медиапан, а потоа со полиестерска подлога која се нанесува во повеќе слоеви. Завршно се фарба со полиуретанска боја со висок сјај и со оваа комбинација се постигнува пластификација на медиапанот и со тоа се обезбедува долготрајност и отпорност.
***
Во Roper Co. може да се изработи мебел за бања според желбите на купувачот во поглед на димнезиите и изгледот. Roper Co. нуди проектански услуги и изработка на мебел по мерка, како за домаќинство така и за деловни објекти. Големиот избор на нови плочести материјали ни нуди можност за изработка на модерен мебел.
КАДИ И ТУШ КАДИ
Roper Co. кадите се анатомски обликувани и се проектирани да ги задоволуваат очекувањата на клиентот. Кадите се изработуваат со користење на технолошки процес базиран на вакуум и се користат високо квалитетни санитарно-акрилни плочи. Надоврешниот дел на кадте е појачан со мешавина од стаклени влакна и веѓтачка смола, додека дното е појачано со оплеменета иверица со дебелина од 18 мм.
Површината на кадата е мазна со висок сјај и пријатна на допир. Површината на кадата е отпорна на домашните средства за чистење, лесно се одржува со употреба на класични средства за чистење и мека крпа или сунѓер. Не е дозволена употреба на ацетон или средства кои содржат било каков вид на разредувач.
Кадите се тестираат во контролирани услови под пробен притисок, како и под светлина, за да се откријат и отстранат и најмалите можни грешки при изработката.
Континуираниот квалитет се постигнува со постојана контрола на производството во соработка со акредитиран Европски институт.
КОНТАКТ:
Roper Co. Производтсво на мебел за бањи
Адреса: Karadjordjeva 113a, 11260 Umka, Belgrade
Тел/факс: +389 (0) 11 8025 654
Моб: +389 (0) 63 1035 224
Е-адреса: roper@enmongroup.com
Roper Co. Производство на кади и туш кади
Адреса: Put narodnih heroja 10, 24420 Kanjiza
Тел/факс: +389 (0) 24 874 161