• Општи одредби
  • Правила на интелектуална сопственост
  • Авторски права
  • Однесување кое не е дозволено
  • Меѓународни корисници
  • Податоци за корисници
  • Податоци за компании

Општи одредби

Почитувани корисници, Ве молиме пред употреба на нашите услуги, внимателно да ги прочитате следните услови. Секоја посета на нашиот сајт, како и купување, значи дека сте ги прочитале овие услови и дека се сложувате со нив во целост. Доколку тие не се прифатливи за вас, ве молиме да не ја користите оваа презентација.

ЕНМОН дооел ви овозможува користење на услуги и содржини на својот портал кои се подложни на подолу наведените Услови за користење. Условите за користење се применуваат на сите содржини и услуги на компанијата ЕНМОН дооел. Со користење на било кој дел од порталот, се смета дека корисниците се запознати со овие услови, како и дека прифаќаат користење на содржините на овој портал исклучиво за лична употреба и на сопствена одговорност.

ЕНМОН дооел може да ги ревидира овие Услови за користење било кога, со ажурирање на овој документ. Повремено посетувајте ја оваа страна за да ги прегледате Условите за користење кои се моментално важечки, затоа што тие се обврзувачки за вас. Одредени одредби од овие Услови за користење може да се заменат изрично со наведените правни известувања и услови достапни на одредени страни на оваа локација.

Права на интелектуална сопственост

Во компанијата ЕНМОН дооел се гордееме со нашиот бренд и не толерираме неовластена употреба на нашите заштитни знаци, трговски имиња, логотипи и имиња. Заштитните знаци се заштитени со државните закони за заштита на жигови и со меѓународните закони и договори. Ниту една дозвола за употреба на заштитните знаци не е доделена со овие Услови или со ваше користење на web локацијата. Неовластеното користење на нашите заштитни знаци, на било кој начин е строго забрането.

Авторски права

ЕНМОН дооел има авторски права на сите содржини (текстуални, визуелни и ауди материјали, бази на податоци, програмерски код). Неовластеното користење на било кој дел од порталот, без дозвола на сопственикот на авторските права, се смета за кршење на авторските права и е подложно на тужба.

Дизајнот на овој web сајт и сите негови материјали, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на неговиот софтвер или HTML код, скрипти, текст, уметнички дела, фотографии, слики, дизајн, видео, аудио и пишувани и други материјали кои се појавуваат како дел од овој web сајт (заедно, „Содржина“) се заштитени со законот за авторски права и други меѓународни закони и договори. Сите содржини кои ги обезбедува ЕНМОН дооел може да се користат само за лични потреби (односно за купување на нашите производи).

Оваа ограничена лиценца подлежи на следните ограничувања:

  • Не смее да се копира, репродуцира, објавува, пренесува, дистрибуира, изведува, прикажува, објавува, модифицира, да се креираат изведени работи, да се продава, лиценцира, да им се дозволи на други да копираат или на друг начин да ја искористат оваа web локација, на ниту било која од содржините или кој поврзан софтвер; и
  • Не може да се пристапи ниту користи web локацијата за било која конкурентска или комерцијална цел;

Неовластеното копирање, измена, дистрибуција, пренос, перформанси, прикажување, продажба или друга употреба на содржината е забранета. ЕНМОН дооел може да ја одземе оваа ограничена лиценца во било кој момент од било која причина или без причина. Било која неовластена употреба на содржините на ЕНМОН дооел како што е врамување, инлајн поврзување или друга асоцијација со содржините или информациите кои не потекнуваат од web страната на ЕНМОН дооел не е дозволено. Поврзувањето на било која web страна исто така е забрането.

Однесување кое не е дозволено

Кога го користите нашиот интернет сајт не е дозволено да:

  • Попречувате или оневозможувате било кои функции поврзани со безбедноста на сајтот или функциите кои спречуваат или ограничуваат употреба или копирање на достапните содржини.
  • Објавувате или пренесувате на интернет сајт секој материјал кој претставува закана, клевета, е непристоен, навредлив, порнографски или злоставувачки, материјал со кој можете да иницирате расна омраза, предизвикувате вознемирување или било која непријатност како прекршување на правилата за приватност, доверба, дискриминација, закани или предизвикувачки коментари.
  • Давате неточни информации кои се однесуваат на личните податоци во вашиот профил.
  • Користите туѓи лични податоци без дозвола на таа личност или со лажно претставување да истапите во име на трето лице, фирма или организација.
  • Се занимавате со било кое незаконско или противправно однесување.
  • Модифицирате, попречувате, пресретнувате или го хакирате интернет сајтот со цел да постигнете негово онеспособување.
  • Употребувате специјализирани програми за превземање на содржините од сајтот.

Ако прекршите било кој од овие Услови ние можеме да ве спречиме да го користите овој интернет сајт привремено или постојано. Ние може да превземеме и други мерки, вклучително но не ограничувајќи се на тоа да Ве пријавиме на надлежните државни органи, да испратиме предупредување или да поднесеме тужба.

Меѓународни корисници

ЕНМОН дооел ја администрира оваа локација од своите канцеларии во Велес, Македонија. На било кој начин не изјавува дека материјалите или услугите на оваа локација се соодветни или достапни за користење надвор од Македонија, вклучително пристапување од подрачја каде нивната содржина е незаконска и е забранета.

Не е допуштено користење или извоз, односно увоз, поради извоз на материјали или услуги на оваа локација ниту било кое копирање или прилагодување во спротивност со важечките закони или прописи вклучително, без ограничување, на извозните закони и прописи на Србија.

Ако одлучите да пристапите на оваа локација надвор од Србија, тоа го правите на сопствена иницијатива и се сметате за одговорни за почитување на важечките локални закони. Овие Услови се толкуваат во согласност со законите на Република Србија и нема да се применуваат начелата за решавање на несогласносите на законите.

Податоци за корисниците

Личните податоци кои ги проследувате на сајтот на ЕНМОН дооел со цел добивање на производи или услуги ќе се третираат во согласност со нашите документи за приватност на мрежа. Забрането е испраќање или пренос на оваа локација или од неа било какви незаконски, заканувачки, навредливи, со содржина на клевета, порнографски или други материјали кои се во спротивност со било кој закон.

ЕНМОН дооел на оваа локација од Вас не сака да прима доверливи или други информации со кои не може слободно да располага. Сите материјали, информации или други соопштенија кои ги пренесувате или испраќате на оваа локација нема да се сметаат доверливи и оние со кои не може слободно да се располага. Enmon.mk нема никакви обврски кон овие соопштенија.

Нашите вработени можат да копираат, откриваат, дистрибуираат, применуваат или на друг начин да ги користат соопштенијата и сите податоци, слики, звуци, текст и сите останати материјали кои се во нив содржани за било кои односно за сите комерцијални и некомерцијални цели.

Секако, во оваа група на податоци не спаѓаат вашите лични податоци. Нив, во согласност со нашата Политика на приватност, ги користиме само за интерна употреба, не ги обелоденуваме ниту ги проследуваме на трети лица, туку ги користиме исклучиво за потребите за обработка на вашите порачки.

Сите информации поврзани за трансакциите купувач – продавница ЕНМОН дооел се сметаат за деловна тајна и спрема нив треба да се постапува согласно законските прописи на Република Македонија.

Податоци за компанијата

Основни податоци за фирмата

Друштво за трговија, транспорт и услуги ЕНМОН извоз-увоз ДООЕЛ

седиште: ул. Оливер Китановски бр.119, 1400 Велес, Македонија

ЕДБ: МК4004995109565,

ЕМБС: 5052572