При купување преку нашата онлајн продавница нудиме 3 начини на плаќање

  1. Плаќање при достава

Овој начин на плаќање е достапен само доколку доставата се врши преку курирска служба/брза пошта. Купувачот е должен да ја провери робата и секое оштетување веднаш да го пријави на курирската служба.

 

Робата која се доставува со возило на ЕНМОН неможе да се плати при достава.

Ценовник на курирската служба/брза пошта

 Тежина на пратка        Цена за достава            Цена за достава со ДДВ

0 - 1 кг                                 150,00 ден                       177,00 ден

1 - 5 кг                                 180,00 ден                      212,40 ден

5 - 10 кг                              220,00 ден                      259,660 ден

На тешко достапни места со помала населеност доставата се врши еднаш неделно и се наплаќа двојно од редовната цена.

За плаќање при достава купувачот доплаќа за услугата откупнина /доколку плаќањето се врши при достава/ и тоа:

* до 3.000 ден = 30 ден

* над 3.000 ден = 1% од вредноста на пратката

  1. Вирманско плаќање

Доколку го одберете овој начин на плаќање, откако ќе ја направите Вашата нарачка, ќе Ве контактира нашиот тим за онлајн продажба. На Вашата е-адреса ќе добиете про-фактура за нарачката. На истата ќе бидат наведени банкарските сметки на кои можете да ја извршите уплатата за Вашата нарачка. При плаќањето задолжително да го наведете бројот на про-фактурата во полето повикување на број за полесна идентификација на Вашата уплата. Наша препорака е откако ќе го извршите плаќањето да го известите нашиот тим за онлајн продажба, на истата е-адреса од која сте ја добиле про-фактурата.

  1. Плаќање со платежна картица

Можете да извршите и онлајн плаќање користејќи платежна картица. При плаќањето со платежна картица на Вашата сметка ќе бидат блокирани средства во износ еднаков на износот на Вашата нарачка. За секоја успешно извршена нарачка на вашата е-адреса ќе пристигне порака за потврда и про-фактура. Трансакцијата се извршува пред достава на робата. Отакако трансакцијата ќе биде завршена робата ќе биде доставена на назначената адреса.

Поврат на средства:

ЕНМОН ќе изврши поврат на средства на ист начин на кој купувачот го извршил плаќањето. ЕНМОН не е должен да изврши поврат на средствата за дополнителни трошоци кои се последица на желбата на купувачот за достава на робата која отстапува од најефтината стандардна достава која ја понудил трговецот.

ЕНМОН може да го одложи повратот на средства се додека не ја добие робата која се враќа или пак додека не добие доказ од купувачот дека робата ја испратил назад, освен во случаите кога ЕНМОН сам не си ја подигнува робата назад.

Изјава за конверзија:

Сите плаќања ќе бидат реализирани во локална валута Македонски денар. За информативен приказ на цените во други валути се користи средниот курс на Народна банка на Р.Македонија. Износот со кој ќе биде задолжена Вашата сметка ќе биде изразен во Вашата локална валута преку конверзија според курсот кој го користат платежните компании. Тој курс во моментот на транскација за нас е непознат. Резултат на ова може да биде незначителна разлика помеѓу наплатената цена и цената прикажана на нашиот сајт. Однапред Ви благодариме на разбирањето.