Услови и начини на испорака

Ви нудиме три начини на испорака:
- Достава со возило на ЕНМОН,
- Достава со курирска служба/брза пошта,
- Лично превземање од салон/магацин.
Поради ограничување во услугите на брзата пошта, плочките, кадите, туш кабините, како и производите со сличен габарит, истите не се испорачуваат со брза пошта, се доставуваат со наш транспорт по веќе дефинирани услови.
ВАЖНО: Доставата се врши до влезот на објектот или до местото до каде доставното возило има пристап. Немаме можност за истовар на робата. Ваша должност е да обезбедите персонал за истовар.
Должност на купувачот е да изврши проверка на доставената роба за оштетувања при транспорт и доколку има видливи оштетувања веднаш да ги пријави на шоферот/продавачот. Немаме начин да провериме на кој начин робата е оштетена доколку ни пријавите по неколку дена. Со проверката на лице место се заштитувате Вие и ние. Пријавата може да ја извршите усно на доставувачот, писмено на е-адреса на курирската служба postexpressmacedonia@gmail.com, на е-адресата webshop.mk@enmongroup.com, на адреса ЕНМОН дооел, ул.Оливер Китановски бр.119, 1400 Велес или телефонски на број 076 22 44 77.
Доколку после приемот на стоката од страна на купувачот се забележат недостатоци на истатата кои било неможно да се забележат при доставата (скриени недостатоци) купувачот е должен во рок од 8 дена да го извести продавачот.
Достава со ЕНМОН возило
Доколку сте одбрале достава со возило на ЕНМОН нашиот тим за онлајн продажба ќе Ве контактира за реализација на доставата.
Ценовник на ЕНМОН
- За сите купувачи кои ќе генерират промет од мин.20.000 денари следува бесплатна достава до 30 км сметано од географски најблискиот салон до местото на испорака.
- Купувачите со генериран промет помал од 20.000 ден ќе бидат контактирани за износот за достава.
- За достава над 30 км се врши доплата од 40 ден/км.
Достава со брза пошта
Нарачаните производи курирската служба ќе ги достави во рок од 2 до 10 работни дена сметано од денот на потврдување на нарачката. Курирската служба ќе Ве контактира за дополнителни информации кои и се потребни за да ја изврши доставата.
Ценовникот на курирската служба можете да го погледнете ОВДЕ.
Лично превземање
Доколку одберете лично да си ја превземете нарачката нашиот тим за онлајн продажба ќе Ве контактира од кој салон може да си ја подигнете нарачката. Доколку имате избрано од кој салон би сакале да си ја подигнете нарачката ќе Ве известиме кога истата ќе биде на избраното место и ќе биде спремна за превземање.
Рокови на испорака
Бројот на денови за испорака се смета од денот на приемот на нарачката. Стандарден рок за достава изнесува 5 работни дена. Максимален рок за достава изнесува 15 дена од денот на уплатата.