ЕНМОН група

ENMON е меѓународна компанија во приватна сопственост чија дејност е трговија, увоз и извоз на керамички плочки, гранитна керамика, санитарија и опрема за бањи, за јавни и објекти за домување. ENMON на пазарот е цели 30 години и една е од ретките компании во регионот која со преку 1200 вработени во 8 земји им овозможува на партнерите комплетен систем за вградување на керамика со придружните материјали.
Компанијата има разгранет големопродажен бизнис во рамките на ЕНМОН ГРУПАТА во 8 земји од Европа до Северна Америка (Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Унгарија, Германија, Италија и Канада). Со повеќе од 50 салони во Србија и преку 80 во регионот (Хрватска, Босна и Херцеговина, Унгарија и Македонија), претставува најголем ланец на малопродажни објекти за керамика и опрема за бањи и како таков поставува највисоки стандарди во квалитетот на производите и услугите.
Компанијата ЕНМОН ги собира најголемите светски брендови за керамички плочки и овозможува широк избор на модели за плочки од најновите трендови од Италија, Шпанија и Турција. Светските брендови дополнети се со селекција на производството на ЕНМОН брендот како и Waterjet опрема за мозаици, и посебните барања прилагодени на дизајнерските потреби и проектните идеи на клиентите. Посебен сегмент денес во понудата на компанијата е и понудата на плочки со големи формати.
Компанијата ЕНМОН во партнерство со престижните светски бендови овозможува комплетна понуда на санитарија, батерии, туш кабини, кади, сушачи и технички решенија за одвод и греење. Германските и италијанските брендови дополнети се со престижните европски брендови. На едно место можете да најдете стручна поддршка и најдобри услови. ЕНМОН е компанија со највисок бонитет и кредитен рејтинг добиени од независни ревизори и комерцијални банки.