Web shop - Продавница
    Menu Close

    Начин на испорака

    Начини на достава:

    1. Достава со возило на ЕНМОН
    2. Достава со курирска служба/брза пошта
    3. Лично превземање

     

    Доколку сте одбрале достава со возило на ЕНМОН нашиот тим за онлајн продажба ќе Ве контактира за реализација на доставата.

     

    ЕНМОН ценовник:

    За сите купувачи кои ќе генерират промет од мин.20.000 денари следува бесплатна достава до 30 км сметано од географски најблискиот салон до местото на испорака.

    Купувачите со генериран промет помал од 20.000 ден ќе бидат контактирани за износот за достава.

    За достава над 30 км се врши доплата од 40 ден/км.

     

    Достава со курирска служба

     За секоја креирана нарачка предвидена за достава со курирска служба ќе бидете известени дополнително од страна на нашиот веб тим за износот на чинење на услугата за достава на нарачката. Нарачаните производи курирската служба ќе ги достави во рок од 2 до 10 работни дена сметано од денот на потврдување на нарачката. Курирската служба ќе Ве контактира за дополнителни информации доколку и се потребни за да ја изврши доставата. Условите за достава ги поставува курирската служба и ЕНМОН нема влијание на истите. 

     

    Лично превземање

    Доколку одберете лично да си ја превземете нарачката нашиот тим за онлајн продажба ќе Ве контактира од кој салон може да си ја подигнете нарачката. Доколку имате избрано од кој салон би сакале да си ја подигнете нарачката ќе Ве известиме кога истата ќе биде на избраното место и ќе биде спремна за превземање.

     

    ВАЖНО:

    Доставата се врши до влезот на објектот, до местото до каде доставното возило има пристап. Ваша должност е да обезбедите персонал за истовар.

    Должност на купувачот е да изврши проверка на доставената роба за оштетувања при транспорт и доколку има веднаш да ги пријави на шоферот.

    Немаме начин да провериме на кој начин робата е оштетена доколку ни пријавите по неколку дена. Со проверката на лице место се заштитувате Вие и ние.