Санитаријата ги опфаќа сите предмети, уреди и опрема кои се користат во бањите и тоалетите за одржување на хигиената и за подобрување на функционалноста на просторот. Овие производи се суштински за секојдневна употреба и од нив зависи и удобноста и естетиката на вашиот дом или деловен простор.
1. МИЈАЛНИК И ЧИЗМА ЗА МИЈАЛНИК
Мијалниците се изработуваат во различни форми и големини и можат да бидат надградни кои се поставуваат на самото орманче или конзолни кои се монтираат директно на ѕид. За да добиете покласичен изглед можете да употребите чизма за мијалник која создава дополнителна стабилност на мијалникот, а воедно и елеганција на просторот. Кликнете за да ги видите сите МИЈАЛНИЦИ.
2. WC ШКОЛКА И МОНОБЛОК ШКОЛКА
Клучен елемент на секоја бања е WC школката која може да биде самостоечка со одвод во под или во ѕид и конзолна (висечка) школка со одвод само во ѕид која создава модерен изглед и воедно го олеснува чистењето на подот. Моноблок WC школката со интегрирано казанче претставува практично решение. На следниот линк се сите WC ШКОЛКИ. Ако ви е потребна WC школка и казанче заедно, тоа значи дека ви треба МОНОБЛОК.
3. БИДЕ
Бидето е практичен елемент на тоалетот за лична хигиена. Се изработува како самостоечко или конзолно (висечко) и воедно создава дополнително ниво на чистота и комфор во бањата. Прегледајте ја целокупната понуда на БИДЕА и пронајдете го својот фаворит!
4. ПИСОАР
Писоарот е одлично решение за јавни и деловни простории, но може да се користи и во поголемите домаќинства. Негова предност е лесно одржување и ефикасност во потрошувачката на вода.
5. КАЗАНЧЕ И ОПРЕМА ЗА КАЗАНЧЕ
Казанчето може да биде вградливо или ѕидно и овозможува естетски изглед на бањата. Прегледајте ја нашата понуда за КАЗАНЧИЊА И ДЕЛОВИ ЗА КАЗАНЧИЊА.
6. WC ДАСКА ЗА WC ШКОЛКА
Покрај стандардните модели постојат и WC даски кои бавно се спуштаат. Ова бавно спуштање е направено со цел да се спречи нагло спуштање, а со тоа и нивно оштетување. Изработени се од квалитетни материјали кои имаат долг век на траење. Најдобрите понуди на WC ДАСКИ се тука: погледнете ги сега!
Санитаријата на ENMON е изработена од висококвалитетни материјали кои гарантираат долг век на траење и издржливост.
Нашите производи ги следат современите трендови во дизајнот и ви овозможуваат да создадете елегантен и функционален простор.
Без разлика на големината или стилот на вашата бања, во нашата понуда ќе најдете санитарни уреди што одговараат на вашите потреби.
Редовното одржување со послаби средства за чистење овозможува одржување на сјајот и хигиената на вашата санитарија. Избегнувајте агресивни хемикалии кои може да ги оштетат површините. Исто така, се препорачува периодична проверка на исправноста на казанчињата и славините за да се спречат евентуални истекувања или дефекти.
ENMON е синоним за квалитет и доверливост во светот на санитарната опрема. Имаме долгогодишно искуство, посветени сме на иновациите и нудиме производи кои истовремено ги комбинираат функционалноста и естетиката. Нашиот тим на експерти е на располагање за сите совети и помош при изборот на идеалната санитарна опрема за вашите потреби.
Следете не