Паравани за туш кабини

Ucitavanje
Подреди по
Classics 2 Bočni Panel 90x190
W435 Paravan 85x140

МАТЕРИЈАЛИ И ДИЗАЈН НА ТУШ ПАРАВАНИ

 

Туш параваните се изработени од висококвалитетни материјали од кои зависи нивната долготрајност и лесното одржување. За нивна изработка најчесто се користи калено стакло со дебелина од 6 mm кое создава услови за безбедна употреба. Стаклото може да биде проѕирно, мат или да има декоративни шари за да може лесно да се прилагоди на различните стилови на бањи. Профилите на туш параваните се изработени од алуминиум кој може да има различна боја како на пример бела, сребрена сјајна или мат црна боја за да може да го усогласите стилот на параванот со стилот на бањата.

 

ДИМЕНЗИИ И МОНТАЖА

 

Туш параваните се изработуваат во различни димензии за да може се прилагодат на специфичните потреби на просторот. Стандардните ширини се движат од 70 cm до 140 cm и висина од околу 200 cm. Монтажата на туш параваните е флексибилна и може да се прилагоди на различни конфигурации на бањата, без разлика дали се работи за вградена туш када или директно на подот со соодветна одводна инсталација.

 

ПРЕДНОСТИ НА ТУШ ПАРАВАНИТЕ

 

  • Естетика: минималистичкиот дизајн создава модерен и просторен изглед на бањата.
  • Едноставно одржување: мазните површини на стаклото го олеснуваат чистењето и одржувањето на хигиената.
  • Флексибилност во дизајнот: различните видови на стакло и оквири овозможуваат персонализација според вкусот на корисникот.
  • Зголемување на вредноста на просторот: квалитетните туш паравани можат да ја зголемат естетската и пазарната вредност на бањата.

 

При изборот на туш параван важно е да се земат во предвид димензиите и распоред на бањата, како и лични преференции во однос на дизајнот и функционалноста. Со правилен избор туш параванот ќе стане не само практичен елемент, туку и стилски акцент на вашата бања.