Туш кадите претставуваат совршена комбинација од функционалност и стил и ја создаваат неопходната удобност и безбедност за време на секојдневното туширање. Туш кадите имаат различни големини, облици и изработени од различни материјали со цел лесно да се прилагодат на секоја бања, без разлика дали станува збор за помал или поголем простор.
Разновидност на дизајн: туш кадите се произведуваат во различни облици и димензии, односно како квадратни, правоаголни и полукружни модели со што се овозможува нивно совршено вклопување во секој простор.
Едноставна инсталација: инсталацијата на туш кадата е брза и едноставна и потоа за кратко време може да уживате во својата нова бања. Ако правилно се монтираат, туш кадите имаат ефикасен одвод на водата без ризик од протекување.
Безбедноста е на прво место: повеќето туш кади се опремени со површини кои го спречуваат лизгањето за да добиете целосна безбедност за време на туширањето. Исто така, можете да додадете и безбедносни рачки за дополнителна стабилност.
Едноставно одржување: материјалите од кои се направени туш кадите овозможуваат лесно чистење и одржување. Површините се отпорни на дамки и бигор и затоа се долготрајни и секогаш чисти.
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ENMON ТУШ КАДА?
ENMON нуди широк спектар на туш кади кои ги исполнуваат највисоките стандарди за квалитет и дизајн. Нашата понуда вклучува модели кои лесно се вклопуваат во различни стилови на бањи, без разлика дали преферирате модерен, минималистички или класичен изглед.
КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКАТА ТУШ КАДА?
При изборот на туш када важно е да се земат предвид големината и обликот на вашата бања, како и потребите на вашето семејство. Ако имате мали деца или постари лица, добро би било да набавите некој модел кој има пониски страни и дополнителни безбедносни функции.
ИМАТЕ ПРАШАЊА?
Стручниот тим во ENMON е тука за да ви помогне при изборот на вистинската туш када за вашата бања. Контактирајте нѐ за совет или посетете го нашиот салон кој е најблиску до вас за да ја погледнете целата наша понуда.
Следете не