Кога ја опремувате или реновирате вашата бања, со изборот на соодветни лизгачки врати за туш кабина може значително да ја подобрите функционалноста и естетиката на просторот. Лизгачките врати се идеално решение за заштеда на простор и оддаваат модерен изглед на секоја бања. Во продолжение се претставени главните карактеристики и предности на лизгачките врати, како и совети за нивен избор.
Лизгачките врати овозможуваат ефикасно користење на просторот во бањата. Ова посебно се однесува за помали простории каде секој сантиметар е важен. Нивниот механизам овозможува отворање на вратата со лизгање долж фиксниот панел на туш кабината со цел да се елиминира потребата за дополнителен простор за отворање како кај класичните врати.
Лизгачките врати се изработени од високо квалитетни материјали кои создаваат услови за лесно одржување на туш кабините и нивна долгогодишна трајност. За изработка на туш кабините најчесто се користи калено стакло со дебелина од 6 mm кое обезбедува сигурност при употребата и има отпорност на удари. Стаклото може да биде проѕирно, мат или да има декоративни шари за лесно да се прилагоди на различни стилови на бањи. Профилите на кабините се изработени од алуминиум кој може да има различна боја како на пример бела, сребрена сјајна или мат црна боја за да може да го усогласите стилот на кабината со стилот на бањата.
Лизгачките врати се изработуваат во различни димензии за да може се прилагодат на различните големини на туш кабини и простории. Стандардната должина на туш кабините кои имаат лизгачка врата се движи од 100 cm до 160 cm и висина од околу 195 cm. Монтажата на лизгачките врати е едноставна без разлика дали станува збор за монтажа помеѓу два ѕида или туш кабината е комбинација од бочни панели за формирање целосна туш кабина.
При изборот на лизгачка врата за туш кабина важно е да се земат во предвид димензиите на просторот, стилот и дизајнот на бањата, како и личните преференции во однос на материјалите и боите. Правилниот избор на туш кабина со лизгачка врата ќе овозможи вашата бања да биде и функционално и естетски пријатно место за секојдневно уживање.
Следете не