Црево за туш

Ucitavanje
Подреди по
Crevo za Tuš
Emma Nero Tuš Crevo
Isiflex B Tuš crevo 160 Chrome 28276000
	Luna Oro Tuš Crevo
Црево за Туш 120 Chrome 3115102
Црево за туш 200 cm PVC HYD204
Tuš Crevo 200cm Растегливо Бело 3107100
HYD203 Црево за Туш 150 Растегливо Бело

ШТО Е ТУШ ЦРЕВО?

 

Туш цревото е флексибилна цевка која ги поврзува туш рачката со славината или мешачот и овозможува проток на вода за време на туширањето. Флексибилноста овозможува слободно движење на туш рачката за да се овозможи практично користење.

 

ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕ НА КВАЛИТЕТНО ТУШ ЦРЕВО

 

  • Флексибилност и практичност: квалитетното туш црево овозможува лесно ракување со туш рачката, се прилагодува на вашите потреби за време на туширањето.
  • Долготрајност: материјали од кои е изработено цревото овозможуваат лесно свиткување и го продолжуваат неговиот животен век.
  • Естетика на бањата: современиот дизајн и различните завршни обработки на туш цревата ќе креираат елегантен изглед на вашата бања.

 

ВИДОВИ ТУШ ЦРЕВА ВО ПОНУДАТА НА ENMON

 

  • Стандардно туш црево: тоа е универзалното црево кое одговара на повеќето туш системи и се изработува во различни должини.
  • Црево со зголемена отпорност: овој модел има вградено дополнителни материјали како не’рѓосувачки челик или најлон кои обезбедуваат поголема издржливост и отпорност на свиткување.
  • Продолжително (растегливо) црево: тоа е флексибилно црево наменето за да се издолжи според потребите на корисникот и за да се постигне дополнителна слобода на движење за време на туширањето.

 

ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ENMON ТУШ ЦРЕВО?

 

ENMON нуди широк асортиман на туш црева кои се комбинација од квалитет, функционалност и современ дизајн. Нашите производи се внимателно одбрани за да ги задоволат различните потреби и естетски вкусови, а истовремено се долготрајни и овозможуваат задоволство при секое туширање.

 

СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТУШ ЦРЕВО

 

  • Редовно чистење: за да се спречи таложење на бигор и нечистотија се препорачува редовно чистење на туш цревото со послаби средства за чистење.
  • Проверка на споевите: повремено проверувајте ги споевите и приклучоците за да бидете сигурни дека нема да има протекување или намалување на притисокот на водата.
  • Избегнувајте прекумерно свиткување: внимавајте цревото да не го свиткате премногу за да избегнете негово оштетување, а со тоа ќе му го продолжите животен век.

 

Со правилно одржување, вашето ENMON туш црево ќе го задржи својот изглед и функционалност и ќе ви овозможи секојдневно задоволство при користење.