Дали сакате вашиот простор да оживее во ритамот на џезот? Плочките PG Jazz Dark 60x120 се комбинација на темни тонови и креативна слобода, исто како добра џез композиција.
Гранитните плочки се синоним за луксуз, отпорност и долготрајност и се идеален избор за различни простори или простории: од елегантни ентериери до екстериери изложени на различни временски услови. Нивната врвна издржливост и префинет изглед овозможуваат креирање на совршен амбиент, без оглед дали ќе се применат во станбени или деловни простории.
ОТПОРНОСТ И ДОЛГОТРАЈНОСТ
Гранитните плочки се изработени од висококвалитетни материјали од кои се добива нивната извонредна цврстина и отпорност на абење. Во однос на другите материјали, нивни клучни предности се:
Отпорност на влага и вода – не апсорбираат течности и се погодни за бањи, кујни и надворешни простори.
Висока отпорност на абење и удари – идеални се за простории со висока фреквенција на движење на луѓе како што се ходници, деловни објекти и тераси.
Отпорност на гребнатини и хемикалии – совршени се за простории во кои е потребна долготрајна издржливост без да се изгуби нивната естетиката.
Лесно одржување – нивното чистење е едноставно, без потреба од посебен третман.
РАЗЛИЧНА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА ЗА РАЗЛИЧНА УПОТРЕБА
Различната обработка на површината овозможува широка примена на гранитните плочки во зависност од просторот и посакуваниот естетски ефект:
Полиран гранит (PG) – овие плочки имаат исклучително сјајна површина која ја рефлектира светлината и создава луксузен изглед на секој простор. Идеални се за ентериери кои зрачат со елеганција.
Лапато гранит (LG) – овие плочки имаат полумат обработка на завршниот површински слој која ги комбинира софистицираноста и функционалноста и воедно создава суптилен раскош во просторот.
Мат гранит (MG) – природен и елегантен изглед со својства против лизгање, одличен за простории во кои безбедноста е приоритет.
ШИРОКА УПОТРЕБА ВО РАЗЛИЧНИ ПРОСТОРИ
Гранитните плочки можат да се користат во речиси сите видови на објекти благодарение на нивните врвни технички карактеристики:
Станбени простории – дневните и спалните соби, ходниците и кујните ќе добијат елегантен и долготраен под или ѕидна облога.
Деловни објекти – како канцеларии, хотели и ресторани за да изгледаат престижно со долготрајни и отпорни подни облоги.
Бањи и кујни – совршен избор се за простории во кои има висок степен на присуство влага или вода, а благодарение на површината која не впива вода.
Тераси и екстериери – цврстината и отпорноста на мраз овозможуваат гранитните плочки да бидат одлични за примена во дворови, градини и останати надворешни површини.
ЕКОЛОШКИ АСПЕКТ
Гранитните плочки претставуваат одржливо решение бидејќи се изработени од природни материјали, долготрајни се и не е потребно да се применат посебни средства за одржување. Нивната цврстина и отпорност ја намалуваат потребата од чести реновирања со што ќе се заштедат ресурси и ќе се намали отпадот.
ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ГРАНИТНИ ПЛОЧКИ
При изборот на гранитни плочки важно е да се земе во предвид целта, но и местото каде ќе се постават плочките:
За ентериери – полирани и лапато плочки кои оддаваат елегантен изглед.
За надворешни простори – мат плочки кои имаат својство да не се лизгаат и се идеален избор.
За простории со голема фреквенција на движење на луѓе – изберете плочки со висок степен на отпорност на абење.
Со правилен избор на гранитните плочки можете да постигнете врвен спој на естетика, функционалност и долготрајна издржливост на подот.
Следете не