Туш столб или познат и како „туш панел“ претставува интегриран систем за туширање кој е комбинација од различни функции на едно место. Овој систем вообичаено вклучува: туш поставен над главата (туш ружа), рачен туш и млазници за масажа со што ќе добиете сеопфатно и луксузно искуство при туширање.
ПРЕДНОСТИ НА ТУШ СТОЛБОТ
Мултифункционалност: комбинацијата на различни функции им овозможува на корисниците да изберат помеѓу туш кој креира дожд, млазници за масажа или рачен туш за да го прилагодите искуството на своите потреби.
Естетика и дизајн: современите туш столбови се изработуваат со различни стилови и завршни обработки за да се овозможи негово вклопување во секој ентериер на бања.
Лесна инсталација: бидејќи е интегриран систем, туш столбот го олеснува процесот на инсталација и ја намалува потребата од поединечни компоненти и дополнителни инсталациски работи.
ВИДОВИ ТУШ СТОЛБОВИ ВО ПОНУДАТА НА ENMON
Стандарден туш столб: овој модел обично вклучува туш поставен над главата и рачен туш со прилагодлива висина за да се обезбедат основните функционалности за секојдневна употреба.
Туш столб со термостатски мешач: овој систем овозможуваат прецизна контрола на температурата на водат за да се постигне дополнителна сигурност и комфор за време на туширањето.
Туш столб со млазници за масажа: покрај стандардните функции овој модел има и хидромасажни млазници кои овозможуваат релаксација и подобрување на циркулацијата.
ЗОШТО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ТУШ СТОЛБОТ НА ENMON?
ENMON нуди широк асортиман на туш столбови од реномирани производители како што се Grohe и Hansgrohe кои истовремено се комбинација од врвен квалитет, иновации и современ дизајн. Нашата понуда обединува различни стилови и функционалности за да му се овозможи на секој корисник да го најде идеалното решение за својата бања.
СОВЕТИ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ТУШ СТОЛБОТ
Редовно чистење: користете послаби средства за чистење за да ги отстраните наслагите од бигор и да го продолжите векот на компонентите на тушот.
Проверка на споеви: повремено проверувајте ги споевите и цревата за да спречите поголеми оштетувања.
Одржување на млазниците: чистете ги млазниците од бигор за да добиете рамномерен проток на вода и оптимално искуство при туширање.
Со правилно одржување, вашиот ENMON туш столб ќе ги задржи својот изглед и функционалност и ќе добиете секојдневно задоволство од користењето.
Следете не