Mona Вертикално со полици
ОРМАНЧЕ ЗА БАЊА
Бања без орманче? Како кафе без кофеин: постои, но нешто недостасува. Орманчиња за бања се многу повеќе од простор за четки и крпи, тие се срцето за организацијата и стилот на вашата бања.
Нашата колекција опфаќа стоечки и ѕидни орманчиња, со мијалник или без него, во различни димензии, бои и завршни обработки од минималистички мат бел дизајн, до тон на дрво за да се добие топлина и елеганција на просторот.
МОДЕРЕН ДИЗАЈН ЗА СЕЧИЈ ВКУС
Без разлика дали преферирате класичен изглед или ги следите актуелните трендови во 2025 година, кај нас ќе најдете орманчиња кои изгледаат како создадени токму за вашата бања. Тие се комбинација од функционалност и естетика и затоа сите наши орманчиња се изработени од медијапан (МДФ), познат по својата отпорност на влага и издржливост.
МАКСИМАЛНО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ПРОСТОРОТ
Голема или мала бања, не е важно. Имаме модели кои „работат паметно“: Орманчиња со длабоки фиоки, огледала со простор за складирање, како и компактни модели за мали бањи каде што секој сантиметар е вреден.
НАПРАВЕТЕ КОМБИНАЦИЈА СПОРЕД ВАША МЕРКА
Сите орманчиња може да се комбинираат со останатите елементи во бањата: огледала, вертикали и дополнителните фиокари и затоа можете лесно да си создадете свој мал wellness дел, функционален и убав. Се изработуваат и различни системи на затворање: од класични рачки до soft-close механизми за тивко затворање без поголема бучност.
ПОДГОТВЕНИ СТЕ ЗА МОНТАЖА? НИЕ СМЕ.
Поголемиот дел од орманчињата се делумно составени или се целосно подготвени за монтажа со цел да ви го олесниме животот. Плус, секој производ има детално опишани димензии, материјали и компатибилност со други елементи. Сè што ви треба на едно место.
Следете не