Држачите за крпи се клучен дел од галантеријата за бањи. Воедно се и функционални и естетски. Овозможуваат уредно складирање на крпи и создаваат и организиран изглед на просторот.
Ѕидни држачи – се монтираат на ѕид, изработените се во форма на прачки за една или две крпи, во форма на прстен или како подвижни држачи. Стандардните должини се 40 cm и 60 cm, а материјалите од кои се изработени се месинг и не'рѓосувачки челик.
Самостоечки држачи – подвижни модели кои може да се постават било каде во бањата.
Вакуум држачи – тоа се иновативни решенија, односно држачи што се прицврстуваат без бушење, идеални се за заштита на ѕидните плочки.
Материјали и завршни обработки
Држачите за крпи се изработуваат од различни материјали: месинг, не'рѓосувачки челик и пластика. Освен класичните хромирани модели, сè попопуларни се црните и златните завршни обработки кои може да се усогласат со различни стилови.
Монтажа и практичност
Држачите за крпи можат да се постават на различни места во бањата, но најчесто покрај кадата, туш кабината или мијалникот за да има лесен пристап до нив при користење.
Понуда и брендови
На пазарот се достапни различни брендови со разновидни дизајни, од модерен до ретро стил, односно има богат избор за сечиј вкус.
Совети за избор
При избор на држач за крпи имајте ги во предвид следниве фактори:
Простор и позиција – одредете каде ќе се постави држачот за да биде и практичен и визуелно усогласен
Капацитет – колку крпи ќе користите
Стил и материјал – изберете модел кој ќе се усогласи со остатокот од ентериерот на бањата
Со правилно избран држач не само што ќе ја подобрите функционалноста на вашата бања, туку и ќе создадете естетска вредност и уреден и хармоничен простор.
Следете не