Галантеријата за бања опфаќа функционални и декоративни елементи кои ја подобруваат организацијата и естетиката на бањата. Правилно одбраните детали овозможуваат секојдневното користење да биде покомфорно, а истовремено го уредуваат просторот.
Закачалките се незаменлив елемент кои овозможуваат лесно и уредно складирање на крпи, бадемантил други потребштини. Се изработуваат во различни стилови и материјали во класични, метални па се до современи мат црни верзии. Организирајте го просторот со практични решенија со ЗАКАЧАЛКИ 🪝🚿.
Држачите за тоалетна хартија се неопходен елемент во секој тоалет или секоја бања. Се изработуваат во различни дизајни, вклучувајќи ги и ѕидните модели со капак, класични отворени верзии и современи самостоечки верзии. Комфор и елеганција на дофат со ДРЖАЧИ ЗА ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА 🧻✨.
Дозерите за течен сапун и држачите за сапун се практични решенија за одржување хигиена. Можат да бидат направени од стакло, метал, керамика или пластика, а често се дел од комплет со чаши. Хигиена и стил во совршена комбинација со ДОЗАТОРИ И ДРЖАЧИ ЗА САПУН 🧴🫧.
Простирките се практични и се наменети за спречување на лизгање и апсорбирање на влагата по туширање. Се изработуваат во различни бои, дезени и материјали за да се прилагодат на секој ентериер. Комфор и безбедност под вашите нозе со ПРОСТИРКИ ЗА БАЊА 🛁🩴.
Подлогата за када и туш кабина ја зголемува безбедноста, спречува лизгање за време на бањањето. Направена е од квалитетни материјали кои се отпорни на вода и лесно се одржуваат.
Завесите за када и туш кабина се наменети за спречување на прскање на вода при туширањето. Можат да бидат еднобојни, шарени, мат или проѕирни, а во зависност од стилот на бањата или вашите лични преференции.
Организацијата на потребштини во тоалетот или бањата е полесна со примена на корпи и кутии кои овозможуваат уредно складирање на крпи, козметика и други предмети. Природните материјали како бамбус и ратан создаваат топлина на просторот.
Кантите за отпадоци се неопходни во секој тоалет или бања. Се изработуваат во различни големини и дизајни, вклучувајќи и модели со педало за хигиенско користење.
Четките за WC школка се важен елемент за одржување хигиена. Моделите со држачи изработени од не’рѓосувачки челик или пластика овозможуваат долготрајност и лесно чистење. Чистота без компромиси со ЧЕТКИ ЗА WC ШКОЛКА 🧼🧹.
Сунѓери, ракавици за пилинг и други додатоци за бањање овозможуваат комплетна релаксација и дополнителна нега на кожата за време на туширањето.
ENMON нуди широк асортиман на галантерија за бањи која е комбинација од функционалност, дизајн и квалитет.
Следете не