Ucitavanje
Подреди по
 Classics 2 Tuš kabina polukružna (R80)
Classics 2 Tuš Kabina Polukružna (R90)
Кабина S115 R90BB Сребрена
Fonte S115 Tuš Kabina za Duboku Tuš Kadu
Tuš kabine I za duboku kadu r90 fonte
Кабина Комплет S137 120x90 Десна
S137 Кабина Комплет 120x90 Лева

ТУШ КАБИНИ

 

При опремување или реновирање на бањата, изборот на соодветна туш кабина има клучна улога во функционалноста и естетиката на просторот. Различни модели имаат различни опции за функционалност и дизајн со цел да се прилагодат на секоја бања. Во продолжение се претставени главните категории на туш кабини, нивните карактеристики и совети за нивно полесно избирање.

Туш кабините претставуваат целосни решенија кои вклучуваат и ѕид и врата за да се создаде затворен простор за туширање. Се произведуваат во различни облици и димензии кои може да се прилагодат на различни потреби и големини на бањи.

 

КВАДРАТНИ И ПРАВОАГОЛНИ ТУШ КАБИНИ

 

Овие кабини се идеални за пространи бањи за да има доволно простор за удобно туширање. Нивниот облик овозможува лесна инсталација во ќошињата или покрај ѕидовите за да може максимално да се искористи просторот.

 

ПОЛУКРУЖНИ ТУШ КАБИНИ

 

Полукружните кабини се совршени за помали бањи, бидејќи нивниот заоблен облик заштедува простор и овозможува полесно движење. Естетски се привлечни и креираат модерен изглед на секоја бања.

 

МАТЕРИЈАЛИ И ДИЗАЈН НА ТУШ КАБИНИ

 

Туш кабините се изработени од различни материјали, но каленото стакло е најчестиот материјал кој се употребува поради неговата издржливост и безбедност. Стаклото може да биде проѕирно, мат или со различни дезени што овозможува прилагодување кон естетиката на бањата. Лајсните на туш кабините имаат различни завршни обработки како што се хром, црна мат или златна боја со цел да го персонализирате просторот.

 

СОВЕТИ ЗА ИЗОБОР НА ТУШ КАБИНА

 

  • Простор: прецизно измерете го просторот кој ви е предвиден за туш кабината за да може одбраниот модел совршено да се вклопи.
  • Функционалност: пред да се одлучите каква туш кабина ќе набавите, треба да имате во предвид дека постојат неколку начини за отворање на вратите (лизгачки, преклопни, pivot) и одберете ја онаа која најдобро одговара на вашиот простор и животни навики.
  • Одржување: стаклото кое има слој против бигор овозможува лесно чистење и одржување на хигиената.
  • Естетика: изберете дизајн и завршна обработка која ќе се вклопи во стилот на вашата бања, без разлика дали преферирате модерен минимализам или класична елеганција.

Со вистинскиот избор на туш кабина, вашата бања ќе стане функционален и естетски пријатен простор за секојдневно уживање.