Барате модерен и едноставен изглед на вашиот простор? Decor Pietra Serena Sabbia KK 25x50 плочките во секој простор внесуваат минимализам и стил инспирирани од цемент!
Декоративни плочки за вашите ѕидови! Овие сиво-бели плочки со геометриски стил внесуваат шарм во секоја соба, лесно се поставуваат и создаваат впечатлив изглед.
Подгответе се за визуелна авантура! Плочките Grand Canyon Squares Mix 4899 30x60 ја внесуваат топлината на природните тонови и геометриската динамика во секој простор - идеални за модерни бањи и кујни!
Latina Grey Decor 25x40 се сиви плочки кои ќе внесат винтиџ стил во вашиот простор. Совршени се за оние кои сакаат комбинација на традиција и модерна декорација.
Декоративните плочки се посебен тип на керамички плочки кои се користат за персонализација на просторот и за создавање на посебен дизајн на цел или на дел од ѕидот со намера да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои. За разлика од стандардните плочки, декоративните плочки се дизајнирани со цел да се потенцираат детали, бои, текстури и форми кои ќе внесат посебен шарм и карактер во ентериерот.
КАРАКТЕРИСТИКИ НА ДЕКОРАТИВНИТЕ ПЛОЧКИ
Разновидни форми и бои: достапни се во различни стилови од класични и винтиџ дизајни до современи и минималистички.
Површинска обработка: може да бидат мат, сјајни, релјефни или со 3D ефекти.
Материјали: најчесто се изработени од керамика, порцелан или стакло.
Димензии: достапни се во различни големини од мали мозаици до поголеми формати.
КАДЕ СЕ КОРИСТАТ ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ?
Декоративни плочки често се користат во:
Кујни: како интересен backsplash зад работната плоча.
Бањи: за истакнување на местата за туширање, на цел ѕид или како бордури.
Дневни соби: во форма на уметнички панели на ѕидовите.
Комерцијални простории: како декоративни елементи во ресторани, хотели или бутици.
Доколку сакате просторот да добие уникатен и персонализиран изглед, декоративните плочки се совршен избор!
ПРЕДНОСТИ НА ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ
Естетска привлечност: декоративните плочки овозможуваат креирање на визуелно атрактивни простории. Без разлика дали сакате класичен, современ, рустичен или уметнички изглед, во нашата понуда ќе ги најдете плочките кои одговараат на вашите потреби.
Разновидност: декоративните плочки се изработени од различни материјали како што се керамика, порцелан, камен и стакло се со цел да се добијат голем број на можности за декорирање на секој внатрешен или надворешен простор.
Издржливост: овие плочки се направени од квалитетни материјали, издржливи се и отпорни на абење, дамки и влага и затоа со нив се постигнува долготрајна убавина на ѕидовите и подовите.
ОДРЖУВАЊЕ И ЧИСТЕЊЕ НА ДЕКОРАТИВНИТЕ ПЛОЧКИ
Декоративните плочки се лесни за одржување. Редовното чистење со благи детергенти и мека крпа е доволно за да го задржат нивниот првобитен изглед и сјај.
Следете не