Web shop - Продавница enmon.logoalt emporium.closealt
    Menu Close

    Гранитни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    LG Life Grey 60x60
    LG Titan Bone 60x60
    LG Life White 60x60

    Гранитните плочки се синоним за луксуз, отпорност и долготрајност и се идеален избор за различни простори или простории: од елегантни ентериери до екстериери изложени на различни временски услови. Нивната врвна издржливост и префинет изглед овозможуваат креирање на совршен амбиент, без оглед дали ќе се применат во станбени или деловни простории.

    ОТПОРНОСТ И ДОЛГОТРАЈНОСТ

    Гранитните плочки се изработени од висококвалитетни материјали од кои се добива нивната извонредна цврстина и отпорност на абење. Во однос на другите материјали, нивни клучни предности се:

    • Отпорност на влага и вода – не апсорбираат течности и се погодни за бањи, кујни и надворешни простори.
    • Висока отпорност на абење и удари – идеални се за простории со висока фреквенција на движење на луѓе како што се ходници, деловни објекти и тераси.
    • Отпорност на гребнатини и хемикалии – совршени се за простории во кои е потребна долготрајна издржливост без да се изгуби нивната естетиката.
    • Лесно одржување – нивното чистење е едноставно, без потреба од посебен третман.

    РАЗЛИЧНА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА ЗА РАЗЛИЧНА УПОТРЕБА

    Различната обработка на површината овозможува широка примена на гранитните плочки во зависност од просторот и посакуваниот естетски ефект:

    • Полиран гранит (PG) – овие плочки имаат исклучително сјајна површина која ја рефлектира светлината и создава луксузен изглед на секој простор. Идеални се за ентериери кои зрачат со елеганција.
    • Лапато гранит (LG) – овие плочки имаат полумат обработка на завршниот површински слој која ги комбинира софистицираноста и функционалноста и воедно создава суптилен раскош во просторот.
    • Мат гранит (MG) – природен и елегантен изглед со својства против лизгање, одличен за простории во кои безбедноста е приоритет.

    ШИРОКА УПОТРЕБА ВО РАЗЛИЧНИ ПРОСТОРИ

    Гранитните плочки можат да се користат во речиси сите видови на објекти благодарение на нивните врвни технички карактеристики:

    • Станбени простории – дневните и спалните соби, ходниците и кујните ќе добијат елегантен и долготраен под или ѕидна облога.
    • Деловни објекти – како канцеларии, хотели и ресторани за да изгледаат престижно со долготрајни и отпорни подни облоги.
    • Бањи и кујни – совршен избор се за простории во кои има висок степен на присуство влага или вода, а благодарение на површината која не впива вода.
    • Тераси и екстериери – цврстината и отпорноста на мраз овозможуваат гранитните плочки да бидат одлични за примена во дворови, градини и останати надворешни површини.

    ЕКОЛОШКИ АСПЕКТ

    Гранитните плочки претставуваат одржливо решение бидејќи се изработени од природни материјали, долготрајни се и не е потребно да се применат посебни средства за одржување. Нивната цврстина и отпорност ја намалуваат потребата од чести реновирања со што ќе се заштедат ресурси и ќе се намали отпадот.

    ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ГРАНИТНИ ПЛОЧКИ

    При изборот на гранитни плочки важно е да се земе во предвид целта, но и местото каде ќе се постават плочките:

    • За ентериери – полирани и лапато плочки кои оддаваат елегантен изглед.
    • За надворешни простори – мат плочки кои имаат својство да не се лизгаат и се идеален избор.
    • За простории со голема фреквенција на движење на луѓе – изберете плочки со висок степен на отпорност на абење.

    Со правилен избор на гранитните плочки можете да постигнете врвен спој на естетика, функционалност и долготрајна издржливост на подот.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители