Web shop - Продавница
    Menu Close

    За компанијата

     

    Партнерства и брендови Групација Енмон - Иновација и квалитет на глобалниот пазар


    Групацијата Enmon претставува водечка интернационална компанија со седиште во Србија, специјализирана за трговија, увоз и извоз на керамички плочки, гранитна керамика, санитарија и придружна опрема за бањи, а сето тоа наменето за јавни и станбени објекти. Со повеќе од триесет години искуство, Enmon се издвојува како лидер во регионот со импресивен број од повеќе од 1.200 вработени во осум земји и поседува комплетен систем за вградување на керамика со сите придружни материјали.
    Компанијата има извонредно развиен големопродажен бизнис во рамките на Групацијата Enmon кој се простира од Европа до Северна Америка, со што се покриваат пазарите во Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Хрватска, Унгарија, Германија, Италија и Канада. Со повеќе од 50 салони во Србија и повеќе од 80 во регионот, Енмон доминира на пазарот на керамика и опрема за бањи и истовремено поставува највисоки стандарди во квалитетот на производите и услугите.

    Партнерства и брендови

    Во соработка со најголемите светски брендови, Енмон нуди широк спектар на модели на плочки кои ги следат најновите трендови од Италија, Шпанија и Турција. Покрај глобалните брендови, компанијата развива и свој сопствен бренд на Енмон за да ја прошири својата понудата со славини, тушеви и керамички плочки произведени во повеќе од 48 фабрики низ целиот свет. Особено се истакнува сегментот на големи формати на плочки што претставува иновативно решение прилагодено на современите архитектонски и дизајнерски барања.

    Општествена одговорност


    Енмон е компанија која се грижи за заедницата, а како доказ за тоа е соработката со Фондацијата Новак Ѓоковиќ. Преку оваа соработка Енмон придонесува за подобрување на условите за претшколско образование во Србија со помош во изградба и опремување на градинки низ земјата. Покрај тоа, Енмон го поддржува и развојот на спортот преку спонзорство на Ракометниот сојуз на Србија и учество во организирањето на културни настани како што е Фестивалот на светска музика.


    Групацијата Enmon непрекинато расте и се развива, не само преку проширување на деловните активности, туку и преку придонесот за заедницата со што претставува пример за одговорно деловно работење. Највисокиот кредитен рејтинг добиен од независни ревизори и комерцијални банки покажува дека Енмон е сигурен партнер во сите сегменти на бизнисот, од продажба до општествена одговорност. Истовремено, ова е потврда дека Енмон е лидер во индустријата кој создава основа за понатамошни иновации и глобален успех.