Квалитетното вградување на керамика подразбира употреба на соодветни материјали за подготовка и лепење кои овозможуваат долготрајност, стабилност и естетски совршен изглед на плочките. Правилната подготовка на подлогата и изборот на лепило се клучните фактори кои влијаат на трајноста и отпорноста на завршната обработка.
Предности од употребата на квалитетните материјали за подготовка и вградување
Оптимална подготовка на подлогата – овозможува рамномерна и цврста основа за лепење на керамиката
Долготрајна цврстина на врската – квалитетните лепила обезбедуваат силно поврзување, но и отпорност на влага и температурни промени
Лесно нанесување – материјалите се прилагодени за професионална, но и за „направи сам“ употреба
Погодни се за различни површини – може да се користат на апсорбирачки и неапсорбирачки подлоги, подни и ѕидни површини, како и за специфични услови како подно греење, базени и фасади
Видови материјали за подготовка и вградување во понудата на ENMON
Подготовка на подлогата:
Маси за израмнување – овозможуваат рамна површина за поставување на плочките.
Прајмери – го подобруваат поврзувањето на лепилото со подлогата и обезбедуваат еднаква апсорпција.
Хидроизолација – заштитува од продор на влага низ површината и го продолжува векот на траење на керамиката.
Стандардни цементни лепила (C1, C2) – погодни за различни видови плочки и подлоги.
Флексибилни лепила (ознаки: S1, S2) – наменети за површини кои се подложни на дилатација, вклучувајќи подно греење и големи димензии на плочки.
Лепила со намалено лизгање (ознака: T) – го олеснуваат вертикалното вградување и спречуваат поместување на плочките при лепење.
Лепила со продолжено време на делување (ознака: E) – овозможуваат дополнително време за прецизно вградување.
Фуги и силикони:
Водоотпорни фуги – спречуваат продор на влага и обезбедуваат долготрајна отпорност на фугите.
Силикони и еластични маси – обезбедуваат флексибилност и водоотпорност на споевите.
Кликнете на линкот ВГРАДУБАЊЕ НА КЕРАМИКА за да добиете информации за се што ви треба за прецизна и долготрајна инсталација!
Зошто да изберете материјали за вградување од ENMON?
ENMON нуди широка понуда проверени и висококвалитетни материјали за подготовка и вградување на керамика кои ги исполнуваат највисоките европски стандарди. Нашите производи се прилагодени за специфични површини и за неопходните услови за вградување и воедно гарантираат долготрајност и сигурност.
Совети за правилно вградување на керамика
Правилна подготовка на подлогата – површината мора да биде рамна, чиста и сува пред нанесување на лепилото.
Избор на соодветно лепило – во зависност од видот на плочките и подлогата, изберете лепило со соодветни својства.
Правилно нанесување – користете назабена шпатула за рамномерно распоредување на лепилото и избегнувајте празнини под плочките.
Фугирање и завршна обработка – користете квалитетна фуга за да обезбедите водоотпорност и естетски завршеток.
Ако ги примените соодветните материјали со стручно вградување, ENMON гарантира сигурни, долготрајни и естетски совршени резултати во секој простор.
Следете не