Web shop - Продавница enmon.logoalt emporium.closealt
    Menu Close

    Мебел за бањи

    Ucitavanje
    Подреди по
    Ormančeto so ogledalo Tijana 900 A3
    Tijana Вертикала Сива
    Tijana Орманче со Мијалник 900 BX Сива
    Tijana Орманче со Мијалник 900 BX Бела
    Sara Вертикала
    Nada Вертикала
    Maja Вертикала
    Орманче со Мијалник Maja 700BX
    Огледало со орманче Maja 700A3
    Lena Вертикала
    Laura Орманче со Мијалник 600BX
    Лего Врата
    Орманче за бања 174651 45x38x70 Бамбус
    Канта за Отпадоци 133684 30l црна
    Oрманче со oгледало 174653 54x20x44,5 Бамбус

    МЕБЕЛ ЗА БАЊА ЗА СОВРШЕНО УРЕДЕНА БАЊА

    Кога станува збор за уредување на бањата, мебелот за бања е клучен елемент кој ја создава практичноста и комплетниот изглед на просторот. Во Enmon се гордееме со широк асортиман на мебел за бањи кој ги задоволува сите потреби, од практичност до дизајн.

    ОРМАНЧЕ СО МИЈАЛНИК

    Секоја бања е уникатна и затоа нудиме орманчиња со вграден мијалник во различни стилови и бои. Без разлика дали преферирате модерен, минималистички дизајн или класични, потопли тонови, кај нас ќе најдете совршен модел кој ќе се вклопи во вашиот ентериер. Нашите орманчиња се изработени во различни големини за да се прилагодат на секој простор, од помали па се до пространи бањи.

    • Интегрираниот мијалник во орманчето овозможува едноставно и ефикасно одржување на хигиената.
    • Орманчето со мијалник е дизајнирано максимално да го искористи просторот за складирање.
    • Сите наши производи поминуваат строги контроли на квалитет за да се овозможи нивна издржливост и отпорност при секојдневна употреба.

    Погледнете ги сите МИЈАЛНИЦИ СО ОРМАНЧЕ кои се на акција.

    ВЕРТИКАЛНО ОРМАНЧЕ

    Вертикалното орманче претставува идеално решение за сите кои сакаат максимално да го искористат вертикалниот простор во својата бања, а истовремено да креираат и ред и модерен изглед. Ова орманче е дизајнирано за да обезбеди функционалност и естетска вредност, со што бањата ќе биде попрактична и елегантна.

    Една од најголемите предности на вертикалното орманче е можноста да го искористи вертикалниот простор и да ослободи дополнителен простор под нив на подот. Ова е посебно важно за помалите бањи каде просторот е ограничен, но и за поголемите бањи кога сакате да одржите минималистички и уреден изглед.

    Вертикалните орманчиња се совршени за складирање крпи, козметика, тоалетна хартија и други потребштини. Имаат различни полици и прегради за да ви се овозможи да ги организирате вашите работи на начин кој најмногу ви одговара. Со нив ќе создадете ред и лесно ќе најдете сè што ви е потребно. 

    Ова се најпопуларните ВЕРТИКАЛИ.

    ОГЛЕДАЛО СО ОРМАНЧЕ

    Огледалото вградено на самото орманче е практично решение за секоја бања. Оваа комбинација овозможува ефикасно искористување на просторот за складирање, а истовремено ги зголемува осветленоста и слободниот простор во бањата. Нашите модели се произведуваат со современо и енергетски ефикасно LED осветлување со што бањата ќе биде пофункционална и елегантна.

    • Огледалото вградено на самото орманче создава дополнителен простор за складирање на сите работи кои ви требаат како што се козметиката, лековите и различен прибор.
    • LED осветлувањето создава чиста и јасна светлина која е идеална за секојдневни активности како што се шминкањето или бричењето.
    • Сите модели се изработени од висококвалитетни материјали кои ја овозможуваат нивната долготрајност и отпорност на влага.
    • Секое огледало со орманче е дизајнирано за да може лесно да се монтира и лесно да се одржува. 

    Внимание! Морате да ги погледнете овие ОГЛЕДАЛА СО ОРМАНЧЕ.

    ОРМАНЧЕ (БЕЗ ОГЛЕДАЛО)

    Самостојното или ѕидно орманче овозможува флексибилност во организација на бањата. Се произведува во различни димензии и дизајни за да може да се задоволат сите барања на корисниците и да овозможи максимално искористување на просторот. Ова орманче претставува совршено решение за одржување на редот и функционалноста на бањата.

    Орманчето е опремено со практични полици, фиоки и прегради за да можете да ги организирате вашите работи на едноставен и лесен начин. На тој начин ќе направите ред во вашата бања и лесно ќе ги најдете сите работи што ви се потребни, од крпи и козметика па се до средства за чистење. 

    За целокупната понуда кликнете на ОРМАНЧИЊА ЗА ЧУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Механизам
    • Монтажа
    Производители
    Скоро Видени Производи