Web shop - Продавница
    Menu Close

    Плочки кои се имитација на камен

    Ucitavanje
    Подреди по
    Lombardia White 60x60
    Memento Dark 29,5x59
    Ontario Brown 45x45

    Ontario Brown 45x45

    Ви претставуваме кафеави подни плочки со димензии од 45х45 cm со кои добиете топлина и природен изглед на вашиот простор.
    Rossetti Sahara 30,3x60,6

    Rossetti Sahara 30,3x60,6

    Природен камен во современ амбиент? Плочките Rossetti Sahara 30,3x60,6 ја имаат топлината и автентичноста на природниот камен – идеални за вашиот простор!
    Слика на Veneto Grey 45,6x45,6

    Veneto Grey 45,6x45,6

    Внеси го природниот пејзаж во твојот простор со плочките од Veneto Grey. Совршни за создавање уникатен, рустикален амбиент!
    Слика на Veneto Mix 45,6x45,6

    Veneto Mix 45,6x45,6

    Плочките Veneto Mix внесуваат разновидност и топлина во секој простор. Идеални се за создавање колоритна и пријатна средина!
    Слика на Veneto Brown 45,6x45,6

    Veneto Brown 45,6x45,6

    Внеси го природниот пејзаж во твојот простор со плочките од Veneto Brown. Совршни за создавање уникатен, рустикален амбиент!
    Ontario Mix 45x45

    Ontario Mix 45x45

    Овие плочки имаа мат површина за се создаде софистициран изглед и пријатно чувство при одење.
    Piazza Brown 45,6x45,6
    Piazza Grey 45,6x45,6
    Pebble Beige 33,3x33,3
    Pebble Brown 33,3x33,3
    PG Canyon Oro 60x60
    PG Delmon Brown 60x120

    PG Delmon Brown 60x120

    Подните плочки PG DELMON BROWN 60x120 внесуваат топлина и природна естетика во вашиот простор, совршени се за создавање удобен амбиент.
    PG Delmon Crema 60x120

    PG Delmon Crema 60x120

    Барате начин да внесете топлина и природен изглед во вашиот простор? Плочките PG DELMON CREMA 60x120 се вистинскиот избор за вас!
    Stoneline Antracit 9919 60x120

    Stoneline Antracit 9919 60x120

    Барате плочки со индустриски изглед? Stoneline Antracit 9919 60x120 – совршен баланс на модерен и функционален дизајн за вашиот простор!

    ПЛОЧКИ СО ДИЗАЈН ИМИТАЦИЈА НА КАМЕН: ПРИРОДНА УБАВИНА И ДОЛГОТРАЈНОСТ

    Плочките кои имитираат изглед на природен камен совршено ги комбинираат природната естетика и извонредната издржливост и затоа се идеален избор за внатрешни простории и надворешни простори. Овие плочки создаваат автентичен изглед на природниот камен без при тоа да имате проблеми за одржување и високи трошоци за инсталација.

    ИЗДРЖЛИВОСТ И ОТПОРНОСТ

    Плочките изработени од гранитна керамика кои имаат изглед имитација на камен се карактеризираат со висок степен на отпорност на надворешни влијанија и абење:

    • Отпорност на влага и вода – не апсорбираат вода и затоа се погодни за бањи, кујни и надворешни простори.
    • Отпорност на абење и гребнатини – совршени се за простории со голема фреквенција на движење на луѓе, но и за домови во кои се одгледуваат домашни миленици.
    • Отпорност на мраз и температурни осцилации – идеални се за надворешна употреба како што се тераси и дворови.

    РАЗЛИЧНА ПОВРШИНСКА ОБРАБОТКА ЗА РАЗЛИЧНА НАМЕНА

    Различните видови на обработка создаваат разновидни естетски и функционални можности:

    • Мат плочките – креираат природен изглед и дополнителна безбедност од лизгање.
    • Структурирани плочки – ја нагласуваат реалистичната текстура на каменот и дополнително го намалуваат ризикот од лизгање.
    • Полирани плочки – додаваат елеганција и суптилен сјај во просторот.

    УНИВЕРЗАЛНА УПОТРЕБА

    Плочките со имитација на камен можат да се користат во различни простори и простории:

    • Ентериер – подови и ѕидови во дневни соби, ходници, кујни и бањи.
    • Екстериер – тераси, патеки, дворови и базени, а благодарение на отпорноста на различни временски услови.
    • Комерцијални објекти – хотели, ресторани и деловни простории поради нивната долготрајност и луксузен изглед.

    ЕКОЛОШКА ПРИФАТЛИВА ОПЦИЈА

    За разлика од природниот камен кој бара експлоатација и обработка, плочките изработени од гранитна керамика со визуелен ефект на камен се еколошки прифатлив избор бидејќи овозможуваат заштеда на природни ресурси и имаат подолг век на траење.

    ПРАВИЛЕН ИЗБОР НА ПЛОЧКИ СО ДИЗАЈН ИМИТАЦИЈА НА КАМЕН

    При изборот на плочки важно е да се земе во предвид каде ќе бидат поставени и кои технички карактеристики се потребни. За надворешни простори се препорачуваат плочки кои не се лизгаат и се отпорни на мраз, додека за внатрешни простории може да се избере финиш во согласност со естетските преференции.

    Плочките со дизајн имитација на камен ќе ви овозможат да уживате во нивната природната убавина и долготрајната функционалност, без потреба од сложено одржување!

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители