Бараш плочки кои ќе го направат впечатлив твојот простор? Плочките Calacatta Vagli Matt Carving обезбедуваат драматичен контраст на црно-бели тонови, овозможувајќи препознатлив и модерен изглед на секој амбиент.
LG Luna Offwhite 60x120 се светло сиви плочки кои имаат современ изглед и создаваат разновидност во секој простор. Идеални се за внатрешна и надворешна употреба.
Stoneline Light Grey 9917 60x120 e елегантна плочка со светло сивa нијанса, идеална за современи ентериери и екстериери. Има голема отпорност и едноставно одржување за долготрајна употреба.
Сакате да ја внесете прогресивноста и природната елеганција на сивиот мермер во вашиот простор? Тогаш, Navas Full Lappato Light Grey 60x120 плочките се вашиот избор.
Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
Плочките со големи димензии станаа вистински хит во светот на ентериерот, бидејќи со нив се постигнува современа и елегантна алтернатива на традиционалните плочки.
Карактеристични по својата импресивна големина, овие плочки имаат бројни предности со кои секој простор ќе изгледа попростран, модерно и визуелно привлечен.
ПРЕДНОСТИ НА ПЛОЧКИТЕ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ
Помалку фуги: плочките со големи димензии внесуваат чувство на луксуз во секој простор. Нивната голема површина го намалува бројот на фугите и затоа се создава беспрекорна и софистицирана естетика.
Простор и перспектива: Идеални се за помали простории, бидејќи создаваат илузија на поголем простор. Во големите простории додаваат дополнителна нота на пространост и континуиран дизајн.
Едноставно одржување: помалиот број на фуги значи помалку простор за насобирање на нечистотија и бактерии и затоа се идеално решение за ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА.
Универзална примена: плочките со големи димензии совршено се вклопуваат во станбени простории како што се кујните, бањите, дневни собите, но и во комерцијални простории како што се канцелариите, хотелите и рестораните.
Издржливост: овие плочки се направени од висококвалитетни материјали, исклучително се отпорни на абење, влага и температурни промени и затоа се долготрајно решение за ПЛОЧКИ ЗА ХОДНИК.
ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ ОД ENMON?
ENMON нуди широк асортиман на плочки со големи димензии кои ги задоволуваат сите потреби за квалитет и дизајн. Нашата понуда вклучува различни стилови, бои и текстури кои совршено се вклопуваат во секој ентериер. Фокусот е ставен на иновациите и врвниот квалитет на ENMON плочките кој гарантира долготрајност, но и естетика која секого ќе го остави без здив.
ПОСТАВУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ НА ПЛОЧКИТЕ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ
Плочките со големи димензии се поставуваат со исклучителна прецизност, но резултатот е вреден за трудот. Професионалната инсталација значи дека плочките ќе бидат поставени правилно, без ризик од пукање или било какво оштетување. Одржувањето е едноставно: редовно бришење на површината со благи средства за чистење за да се задржи нивниот сјај и чистота.
Следете не