Web shop - Продавница enmon.logoalt emporium.closealt
    Menu Close

    Плочки за дневна соба

    Ucitavanje
    Подреди по
    Fauno Cream Pulido 60x120

    Fauno Cream Pulido 60x120

    Вашиот простор заслужува природен и релаксирачки изглед - Fauno Cream е вистинскиот избор!
    Marmol Bone 60x120

    PG Marmol Bone 60x120

    Бараш плочки кои ќе внесат топлина и нежна природна убавина во твојот простор? Marmol Bone 60x120 е идеален избор.
    Marmol Fume 60x120

    PG Marmol Smoke 60x120

    Сакаш модерна сива боја која ќе внесе свежина во твојот простор? Marmol Fume 60x120 е твојот совршен избор.
    Mykonos White 60x120 9931
    Space Beige 9926 60x120

    Space Beige 9926 60x120

    Внесете топлина и хармонија во вашиот дом! Space Beige 9926 60x120 е идеален избор за модерни и класични ентериери.

    ШТО СЕ ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА?

    Плочките за дневна соба претставуваат модерен и практичен избор за обликување на подот и ѕидовите во овој централен простор на домот. Тие истовремено ја комбинираат естетската привлечност со функционалноста со цел да се постигне долготрајност и лесно одржување.

    ВИДОВИ ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА

    ENMON нуди широк асортиман на плочки прилагодени на различни стилови и потреби:

    • Плочки со големи димензии: oвие плочки создаваат чувство на пространост и континуитет во просторот, а помалиот број на фуги овозможува да се добие елегантен и чист изглед на дневната соба.
    • Плочки со имитација на дрво: идеални се за оние кои сакаат топлина и природен изглед на дрво, но со предностите кои ги има керамиката како што се отпорноста на влага и абење. Овие плочки креираат автентичен изглед на дрво без нивно посебно одржување.
    • Декоративни плочки: различните шари и бои на декоративните плочки овозможуваат да се добијат впечатливи ѕидови или детали кои ќе создадат карактер и динамика во дневната соба.

    ПРЕДНОСТИ НА КОРИСТЕЊЕТО НА ПЛОЧКИТЕ ВО ДНЕВНАТА СОБА

    • Издржливост: плочките се отпорни на абење, гребнатини и влага и затоа се долготрајно решение за фреквентни простории како што е дневната соба.
    • Естетика: разновидноста на дизајни, бои и текстури овозможува приспособување на плочките на секој стил на уредување, од модерен до традиционален.

    ПОНУДА НА ПЛОЧКИ ЗА ДНЕВНА СОБА ВО ENMON

    ENMON во својата понуда има разновидни плочки кои претставуваат комбинација од функционалноста и естетиката:

    • Cipollino Grey 60x120: овие плочки се со голем формат и дизајн имитација на природен камен. Идеални се и за современи и за рурални стилови. Нивната сива нијанса креира елеганција и софистицираност во просторот.
    • Nord Nut 30x60: овие плочки имаат дизајн на дрво во боја на орев со цел да се создаде топлина и природен изглед на дневната соба. Погодни се за внатрешна и надворешна употреба.
    • Декоративни плочки: тоа се плочки кои имаат разновидни шари и бои за да се создаде уникатен дел од просторот и да се постигне длабочина и карактер на дневната соба.

    КАКО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИТЕ ПЛОЧКИ ЗА ВАШАТА ДНЕВНА СОБА

    При изборот на плочки за дневна соба, разгледајте ги следниве фактори:

    • Големина на просторот: поголемите плочки може визуелно да го зголемат просторот, додека помалите плочки оддаваат поединечен и детализиран изглед.
    • Стил на уредување: изберете плочки кои се вклопуваат во постоечкиот или планираниот стил на ентериер, без разлика дали е тоа модерен, класичен или рурален изглед.
    • Функционалност: согласно вашите потреби, одберете плочки со соодветна  отпорност на абење и лизгање, посебно ако во домот има деца или постари лица.

    ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПЛОЧКИТЕ ВО ДНЕВНАТА СОБА

    Професионалната инсталација на плочките е основа за нивната долготрајност, но и за нивниот естетскиот изглед. Редовното чистење со послаби средства овозможува одржување на нивниот сјај и хигиена. Исто така, правилното чистење на фугите ја создава целокупната естетика и функционалност на подот или ѕидот.

    Изборот на плочки за дневната соба од понудата на ENMON истовремено подразбира и избор на квалитет, функционалност и естетска вредност за вашиот дом.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    • Ректифицирано
    Производители