Барате плочки кои ќе внесат природен шарм во вашиот простор? Kingstone Brown 25x50 плочките се инспирирани од природен камен и се вистински избор за создавање рустикален и модерен амбиент.
Барате плочки кои зрачат со топлина и рустикален шарм? London Cotto 6x25 создава атмосфера која изгледа на рачно изработени тули од лондонските печки, идеални за автентичен амбиент во вашиот дом.
Барате плочки кои ќе го внесат природниот изглед на каменот во вашиот дом? Плочките Icon Pearl 30x90 претставуваат софистицирана едноставност што се вклопува со секој стил.
Барате плочки кои ќе креираат природен изглед на вашиот простор? Icon Taupe 30x90 имаат топол и изглед на камен кој лесно се вклопува во секој ентериер.
Сакате модерен и концизен дизајн за вашиот простор? Овие плочки во сива нијанса ќе создадат минималистички изглед без многу труд. Твој дом, твои правила!
Плочките за бања се клучен елемент во дизајнот и функционалноста на оваа просторија. Тие обезбедуваат заштита на подот и ѕидовите од влага, го олеснуваат одржувањето на хигиената и придонесуваат за естетскиот изглед на бањата.
ВИДОВИ ПЛОЧКИ ЗА БАЊА
ENMON нуди широк асортиман на плочки за бања кои се прилагодени на различни стилови и потреби:
Ѕидни плочки: дизајнирани се за обложување на ѕидови, ги има во различни бои, текстури и дезени со цел го персонализирате својот простор.
Подни плочки: издржливи се и отпорни се на абење, идеални се за подот во бањата.
Мозаик плочки:тоа се мали плочки кои се наредени на мрежа за да се креираат креативни дизајни и често се користат како декоративни елементи или за обложување на туш кабини.
ПРЕДНОСТИ ОД КОРИСТЕЊЕТО НА КВАЛИТЕТНИ ПЛОЧКИ ЗА БАЊА
Отпорност на влага: квалитетните плочки спречуваат продирање на вода, ги заштитуваат ѕидовите и подовите од оштетувања.
Лесно одржување: мазните површини на плочките го олеснуваат чистењето и одржувањето на хигиената во бањата.
Естетика: разновидноста на дизајни овозможува креирање простор кој го одразува личниот стил и вкус.
ПОНУДА НА ПЛОЧКИ ЗА БАЊА ВО ENMON
ENMON обезбедува разновидни плочки за бања кои се комбинација од функционалноста и естетиката:
PG Rochester White 60x120: плочки со голем формат, изглед на мермер и висок сјај, идеални за пространи бањи.
Ark Silver 30x90: модерни ѕидни плочки кои креираат софистициран и елегантен простор.
Cumbia Pearl Mat 33,3x100: светли плочки со мермерен дизајн кои ја овозможуваат елеганцијата и светлината во бањата.
КАКО ДА ГИ ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКИТЕ ПЛОЧКИ ЗА ВАШАТА БАЊА
При изборот на плочки за бања, разгледајте ги следниве фактори:
Големина на просторот: светлите плочки и поголемите формати можат визуелно да ги зголемат помалите бањи.
Стил и бои: изберете плочки кои се вклопуваат во посакуваниот стил – без разлика дали е тоа модерен, класичен или рустичен изглед.
Функционалност: плочки кои се рапави и имаат висок степен против лизгање се препорачуваат за сите видови подови со цел да се зголеми безбедноста при движење.
ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА ПЛОЧКИТЕ ЗА БАЊА
Професионалната инсталација на плочките е предуслов за нивна долготрајност и естетски изглед. Редовното чистење со благи средства го одржува нивниот сјај и хигиена.
Со изборот на плочки за бања од понудата на ENMON ќе добиете квалитет, функционалност и естетска вредност на вашата бања.
Следете не