Бараш плочки кои ќе внесат природен и топол изглед во вашиот простор? Плочките Stoneline Natural 60x120 имаат мат површина и камен дизајн за совршено вклопување во постојниот амбиент на просторот!
Stoneline Natural 9823 60x60 се природни и универзални подни плочки со неутрална беж боја, идеални за внатрешни и надворешни површини. Лесни се за одржување и се создадени за долготрајна естетика и функционалност.
Stoneline Outdoor Grey 9842 30x60 e трајна и елегантна плочка со сива боја и природен изглед, идеална за надворешни површини. Отпорна e на било какви временски услови и e лесна за одржување.
Stoneline Outdoor Light Grey 9841 30x60 е модерна плочка со светлосива нијанса и природна текстура, совршена за надворешни простори, отпорна на временски услови и e лесна за одржување.
Stoneline Outdoor Natural 30x60 е плочка со природен изглед и универзална текстура, идеална за надворешен простор, отпорна на временски услови и e лесна за одржување.
Storm grey 60x60 се подни плочки со мат финиш и мермерен дизајн. Имитацијата на мермер совршено се вклопува во секој простор и со сите елементи во него.
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)
Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:
R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не