Web shop - Продавница
    Menu Close

    Ѕидни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Onyx Faset White 25x50
    Fancy Claret 20x50
    White Mat 25x75
    Ekixir Bianco M4VJ 30x60
    Apl Lamas Concrete Grey 28x85
    Statuario White 30x60 4939

    Statuario White 30x60 4939

    White 30x60 1 4939
    Marfil Flora 25x50
    White Mat Onda 25x75 4762

    White Mat Onda 25x75 4762

    WHITE MAT ONDA 25x75 1 4762
    Selena Caffe P 25x40
    White Glossy Patchwork Yellow 4763 25x75

    White Glossy Patchwork Yellow 4763 25x75

    WHITE GLOSSY PATCHWORK YELLOW 25x75 1 4763
    Altissimo White 30x60 4943
    Aston Rosso 5449 25x40
    Boxs Meridien 33,3x100
    Natura Gray Staklo Mozaik 30x30
    Onyx Faset Silver 25x50
    Allegra Nera 25x50

    Добредојдовте во нашата категорија на ѕидни плочки. Во ENMON нудиме широк спектар на ѕидни плочки со висок квалитет кои ќе ги задоволат сите ваши потреби за уредувањето на просторот.

    РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки ги има во различни стилови, големини, бои и текстури, а нивниот избор зависи од функционалноста и естетиката на просторот. Еве ги главните типови ѕидни плочки:

    КЕРАМИЧКИ ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    • Најчест избор за кујни и бањи.
    • Лесно се поставуваат и одржуваат.
    • Достапни се во различни бои, облици и дезени.

    ПОРЦЕЛАНСКИ ПЛОЧКИ

    • Издржливи и отпорни на влага.
    • Соодветни за внатрешни и надворешни ѕидови.
    • Често се користат за модерни, елегантни простории.

    ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

    • Од другите плочки се издвојуваат поради нивниот посебен дизајн, шарa или текстура.
    • Се користат за креирање на детали на ѕидовите во кујната над работната површина или за постигнување на посебен дизајн на цел или на дел од ѕидот со намера да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

    МОЗАИК ПЛОЧКИ

    • Тоа се мали плочки кои се наоѓаат на мрежа за полесно поставување.
    • Идеални се за туш кабини, рабови или декоративни елементи.

    ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

    • Големите димензии оддаваат минималистички изглед.
    • Големите димензии го намалуваат бројот на фуги за да се олесни одржувањето.

    ПРЕДНОСТИ НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

    1. Издржливост и долготрајност: ѕидните плочки се изработени од материјали со висока вредност кои обезбедуваат долготрајност. Отпорни се на влага, дамки и гребнатини и се идеален избор за простории со различна намена.
    2. Лесно одржување: благодарение на нивната мазна површина, ѕидните плочки лесно се чистат и одржуваат. Повеќето нечистотии и дамки се отстрануваат со едноставно бришење и влажна крпа.
    3. Естетика и дизајн: ѕидните плочки се изработуваат во различни бои, модели и текстури за да се овозможи креирање на изглед кој совршено ќе се вклопи во просторот.
    4. Отпорност на оган и топлина: не горат и не ослободуваат штетни супстанции под влијание на топлината. Соодветни се за ѕидот околу шпоретот или каминот.
    5. Соодветни за реновирање: ѕидните плочки лесно се поставуваат врз постојните површини со што се заштедува време и труд при реновирање.

    УПОТРЕБА НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки се универзални и се прилагодуваат на различни простории, како за станбени така и за комерцијални. Со правилен избор, тие ја подобруваат функционалноста и естетиката на секој простор!

    БАЊИ

    • Ѕидови на туш кабини: отпорни се на влага и затоа се идеални за влажни простории.
    • Над мијалникот и кадата: ги штитат ѕидовите од водата и го олеснуваат чистењето.
    • Декоративни места: со комбинирање на различни плочки се креира посебен дизајн на цел ѕид со цел да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

    КУЈНИ

    • Над работната површина (backsplash): ги штитат ѕидовите од дамки од храна, масла и пареа.
    • Ѕидови над мијалникот: создаваат хигиенски и простор кој лесно се одржува.
    • Декоративни елементи: истовремено ѝ додаваат и боја и стил на кујната.

    ХОДНИЦИ И ВЛЕЗНИ ПРОСТОРИИ

    • Ѕидови во ходниците: имаат отпорност на нечистотија и лесно се одржуваат и затоа се практичен избор.
    • Декоративни ѕидови: му даваат елеганција на просторот, бидејќи се првиот впечаток кој го остава просторијата кај гостите.

    РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА

    • Ѕидови зад шалтерите: плочките се атрактивни и лесно се чистат, бидејќи тоа е најважно во угостителството.
    • Декоративни детали: мозаиците или декоративните плочки создаваат уникатната атмосфера.

    НАДВОРЕШНИ ПРОСТОРИ

    • Ѕидови на тераси и балкони: плочките кои се отпорни на временски услови ги штитат ѕидовите и оддаваат модерен изглед.
    • Фасади: некои плочки, како што се клинкер плочките се користат за надворешни ѕидови.

    КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ

    • Болници и лаборатории: со употреба на ѕидните плочки се постигнува висок степен на хигиена, бидејќи тие се отпорни на хемикалии.
    • Продавници и салони: комбинацијата на трајноста и естетиката на ѕидните плочки овозможува да бидат одличен избор за сите деловни простории.

    БАЗЕНИ И СПА ЦЕНТРИ

    • Внатрешни ѕидови на базени: стаклените или керамичките плочки се отпорни на влага и лизгање.
    • Ѕидови на сауни и велнес центри: отпорни се на влага и високи температури.

    Погледнете ја нашата понуда на ѕидни плочки и изберете ги оние што одговараат на вашиот простор. Ако сѐ уште не сте сигурни кои плочки ви се потребни, секогаш можете да нѐ контактирате или да се консултирате со продавачот при купување во некој од нашите салони за керамика.

     

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители