Web shop - Продавница
    Menu Close

    Ѕидни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Ciudad Silver Rlv 25x70
    Corona Grey 4709 25,5x75,5
    Corona Light Grey 4710 25,5x75,5
    Craft Beige 25x40
    Craft Beige Decor 25x40

    Craft Beige Decor 25x40

    Сакате нешто посебно за вашиот ѕид? Craft Beige Decor 25x40 плочките внесуваат топлина и боја, совршени за уникатен изглед на просторијата!
    Слика на Craft Brown 25x40
    Crystal Lithos Dark 25x50

    Crystal Lithos Dark 25x50

    Барате совршени плочки за вашата бања?
    Cumbia Brown Mat 33,3x100

    Cumbia Brown Mat 33,3x100

    Сакате мермерен изглед? Cumbia Brown Mat 33.3x100 ја внесува природната убавина и елеганција во вашиот простор!
    Cumbia Decor Cold Mat 33,3x100
    Cumbia Decor Warm Mat 33,3x100

    Cumbia Decor Warm Mat 33,3x100

    Cumbia Decor Warm Mat 33,3x100 внесува топли мермерни тонови и создава пријатна и модерна атмосфера во вашиот простор.
    Cumbia Marfil Mat 33,3x100

    Cumbia Marfil Mat 33,3x100

    Барате мермерен изглед кој креира дополнителна светлина и просторност? Cumbia Marfil Mat 33.3x100 е вистинскиот избор за вашиот дом!
    Cumbia Pearl Mat 33,3x100

    Cumbia Pearl Mat 33,3x100

    Барате светли плочки со мермерен дизајн? Cumbia Pearl Mat 33.3x100 плочките овозможуваат дополнителна светлина и елеганција во вашиот простор!
    Elegant Crema 20x60
    Elegant Light Grey 20x60
    Elegant Mosaic 3D Crema 20x60

    Elegant Mosaic 3D Crema 20x60

    Доколку барате плочки кои внесуваат динамика и уникатен стил во просторот, тогаш Elegant Mosaic 3D Crema 20x60 се вистинскиот избор. Совршено решение за вашиот ентериер!
    Elegant Mosaic 3D Grey 20x60

    Elegant Mosaic 3D Grey 20x60

    Želiš da nečim oplemeniš običan, ravni zid? Pločice Elegant Mosaic 3D Grey 20x60 daju prostoru dinamiku i dubinu koja se primećuje na prvi pogled.

    Добредојдовте во нашата категорија на ѕидни плочки. Во ENMON нудиме широк спектар на ѕидни плочки со висок квалитет кои ќе ги задоволат сите ваши потреби за уредувањето на просторот.

    РАЗЛИЧНИ ВИДОВИ НА ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки ги има во различни стилови, големини, бои и текстури, а нивниот избор зависи од функционалноста и естетиката на просторот. Еве ги главните типови ѕидни плочки:

    КЕРАМИЧКИ ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    • Најчест избор за кујни и бањи.
    • Лесно се поставуваат и одржуваат.
    • Достапни се во различни бои, облици и дезени.

    ПОРЦЕЛАНСКИ ПЛОЧКИ

    • Издржливи и отпорни на влага.
    • Соодветни за внатрешни и надворешни ѕидови.
    • Често се користат за модерни, елегантни простории.

    ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

    • Од другите плочки се издвојуваат поради нивниот посебен дизајн, шарa или текстура.
    • Се користат за креирање на детали на ѕидовите во кујната над работната површина или за постигнување на посебен дизајн на цел или на дел од ѕидот со намера да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

    МОЗАИК ПЛОЧКИ

    • Тоа се мали плочки кои се наоѓаат на мрежа за полесно поставување.
    • Идеални се за туш кабини, рабови или декоративни елементи.

    ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

    • Големите димензии оддаваат минималистички изглед.
    • Големите димензии го намалуваат бројот на фуги за да се олесни одржувањето.

    ПРЕДНОСТИ НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

    1. Издржливост и долготрајност: ѕидните плочки се изработени од материјали со висока вредност кои обезбедуваат долготрајност. Отпорни се на влага, дамки и гребнатини и се идеален избор за простории со различна намена.
    2. Лесно одржување: благодарение на нивната мазна површина, ѕидните плочки лесно се чистат и одржуваат. Повеќето нечистотии и дамки се отстрануваат со едноставно бришење и влажна крпа.
    3. Естетика и дизајн: ѕидните плочки се изработуваат во различни бои, модели и текстури за да се овозможи креирање на изглед кој совршено ќе се вклопи во просторот.
    4. Отпорност на оган и топлина: не горат и не ослободуваат штетни супстанции под влијание на топлината. Соодветни се за ѕидот околу шпоретот или каминот.
    5. Соодветни за реновирање: ѕидните плочки лесно се поставуваат врз постојните површини со што се заштедува време и труд при реновирање.

    УПОТРЕБА НА ЅИДНИТЕ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки се универзални и се прилагодуваат на различни простории, како за станбени така и за комерцијални. Со правилен избор, тие ја подобруваат функционалноста и естетиката на секој простор!

    БАЊИ

    • Ѕидови на туш кабини: отпорни се на влага и затоа се идеални за влажни простории.
    • Над мијалникот и кадата: ги штитат ѕидовите од водата и го олеснуваат чистењето.
    • Декоративни места: со комбинирање на различни плочки се креира посебен дизајн на цел ѕид со цел да се избегне монотонијата која ја создаваат еднородните бои.

    КУЈНИ

    • Над работната површина (backsplash): ги штитат ѕидовите од дамки од храна, масла и пареа.
    • Ѕидови над мијалникот: создаваат хигиенски и простор кој лесно се одржува.
    • Декоративни елементи: истовремено ѝ додаваат и боја и стил на кујната.

    ХОДНИЦИ И ВЛЕЗНИ ПРОСТОРИИ

    • Ѕидови во ходниците: имаат отпорност на нечистотија и лесно се одржуваат и затоа се практичен избор.
    • Декоративни ѕидови: му даваат елеганција на просторот, бидејќи се првиот впечаток кој го остава просторијата кај гостите.

    РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА

    • Ѕидови зад шалтерите: плочките се атрактивни и лесно се чистат, бидејќи тоа е најважно во угостителството.
    • Декоративни детали: мозаиците или декоративните плочки создаваат уникатната атмосфера.

    НАДВОРЕШНИ ПРОСТОРИ

    • Ѕидови на тераси и балкони: плочките кои се отпорни на временски услови ги штитат ѕидовите и оддаваат модерен изглед.
    • Фасади: некои плочки, како што се клинкер плочките се користат за надворешни ѕидови.

    КОМЕРЦИЈАЛНИ ОБЈЕКТИ

    • Болници и лаборатории: со употреба на ѕидните плочки се постигнува висок степен на хигиена, бидејќи тие се отпорни на хемикалии.
    • Продавници и салони: комбинацијата на трајноста и естетиката на ѕидните плочки овозможува да бидат одличен избор за сите деловни простории.

    БАЗЕНИ И СПА ЦЕНТРИ

    • Внатрешни ѕидови на базени: стаклените или керамичките плочки се отпорни на влага и лизгање.
    • Ѕидови на сауни и велнес центри: отпорни се на влага и високи температури.

    Погледнете ја нашата понуда на ѕидни плочки и изберете ги оние што одговараат на вашиот простор. Ако сѐ уште не сте сигурни кои плочки ви се потребни, секогаш можете да нѐ контактирате или да се консултирате со продавачот при купување во некој од нашите салони за керамика.

     

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители