Web shop - Продавница enmon.logoalt emporium.closealt
    Menu Close

    Плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Aston Crema 5450 25x40
    Astun Black Pulido 60x120

    Astun Black Rec 60x120

    Бараш плочки кои ќе им дадат модерен и впечатлив изглед на твоите простории?
    Avenue Grey 9238KA 60x60
    Avenue Natural 9236KA 60x60
    Avenue White 9234KA 60x60
    Glazirane pločice, mat završne obrade u dizajnu kamena
    Podne pločice

    Balance Ivory 30x60

    Ти треба безбеден и издржлив под? Плочките Balance Ivory 30x60 не се лизгаат, отпорни се на мраз и се подготвени за сите услови - идеални се за внатрешна и надворешна употреба.
    Podne pločice Enmon brenda

    Balance Light Grey 30x60

    Ти требаат квалитетни плочки во светло сива нијанса? Balance Light Grey 30x60 се плочки кои не се лизгаат и се отпорни на мраз. Креираат едноставен и модерен изглед на секој простор.
    Balkan Brown 30x60
    Balkan Grey 30x60
    Bor Sorel Black Lux 6x40 0284
    Borghetto Antracite 60x60

    Borghetto Antracite 60x60

    Бараш темно сиви плочки наменети за секој простор? Borghetto Anthracite 60x60 има неутрален тон кој совршено одговара и на внатрешните и на надворешните површини.
    Borghetto Patch Grey Decor 30x60
    Botticcino 20x60
    Botticino Diamonds 20x60
    Botticino Petals 3D 20x60

    Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

    ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

    Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

    Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата. 

    Погледни ги сите ПЛОЧКИ ЗА БАЊА.

    ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

    Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење. Дознајte повеќе на веб-страницата ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА.

    Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

    ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен. Погледнete ја нашата комплетна понуда на ПОДНИ ПЛОЧКИ.

    ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

    Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив. Ако ви е корисно ова, сигурно ќе ви значи да ги погледнете и сите ЅИДНИ ПЛОЧКИ.

    ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

    Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

    Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат. Проверете какви сѐ плочки имаме на следниот линк ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ.

    МОЗАИК ПЛОЧКИ

    Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

    Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени. Откријте ги сите детали за МОЗАИК ПЛОЧКИ.

    ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

    Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.  Откријте го својот стил на веб-страницата ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    • Ректифицирано
    Производители