Web shop - Продавница
    Menu Close

    Плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Aston Rosso 5449 25x40
    Marmi Statuario 30x60
    Boxs Meridien 33,3x100
    Natura Gray Staklo Mozaik 30x30
    Aria Grigio 30x60
    Onyx Faset Silver 25x50
    Allegra Nera 25x50
    SP Mid Grey 6448 33x33

    SP Mid Grey 6448 33x33

    Барате едноставно решение за под? SP Mid Grey 6448 33x33 е совршен избор за сите простории!
    Dolomite Ivory 60x60
    Altissimo Geometric White Decor 4946 30x60
    Dolomite Antracite 60x60
    MG Ark Ivory 60x120
    Izola Waves Beige 5922 25x50
    Pera Light Grey 30x90
    Marmi White 9518 60x60
    Stark Smoke 60x120

    Stark Smoke 60x120

    Елеганција со потемни тонови! Stark Smoke 60x120 претставува софистицирана неутралност и е совршен избор за простории со модерен дизајн.

    Нашата понуда вклучува различни видови плочки од најпознатите странски и домашни производители. Погледнете го асортиманот на најквалитетната италијанска, шпанска, турска, индиска, кинеска, српска и бугарска керамика.

    ПЛОЧКИ ЗА БАЊА

    Бањата е простор кој бара посебно внимание при изборот на керамика поради секојдневната изложеност на влага и температурни промени. Плочките за бања истовремено ги комбинираат и функционалноста и естетиката на просторот со цел да се постигне негова совршена заштита, но и стил.

    Нашата понуда вклучува ѕидни и подни плочки со различни текстури, бои и дезени кои лесно се вклопуваат во секој стил на уредување: од класичен до модерен. Посебно популарни се плочките со ефект на мермер и мозаик детали, но и плочките со мат и сјаен завршен слој. Не заборавајте и на плочките на кои воопшто не може да се лизнете, а се наменети за безбедност на сите членови на семејството, посебно во туш кабините и околу кадата.

    ПЛОЧКИ ЗА КУЈНА

    Кујната е срцето на секој дом, а плочките за кујна претставуваат идеален спој на убавина и практичност. Ѕидните плочки се неизбежни за заштита на ѕидовите од прскање на вода и масти, а подните плочки за креирање на долготраен под отпорен на абење.

    Во понудата имаме плочки кои имитираат природни материјали како дрво и камен, но и плочки со модерни форми и геометриски дизајни. За дополнителна нота на единственост во просторот во кујната, препорачуваме мозаик плочки како декоративен елемент или плочки со голем формат кои креираат чувство на луксуз и пространост. Без разлика на вашиот стил, кај нас ќе најдете совршени плочки кои ќе ја претворат вашата кујна во омилена просторија во домот.

    ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Подните плочки се идеални и за внатрешна и за надворешна употреба. Во зависност од типот на плочката се одликуваат со различни степени на отпорност на абење, противклизност и отпорност на мраз и студ. Особено се популарни подните плочки  кои имаат дизајн кој претставува имитација на дрво и мермер, но тука е и дизајнот на цемент, камен, рустичен, еднобоен.

    ЅИДНИ ПЛОЧКИ

    Ѕидните плочки се совршени за заштита и декорација на ѕидовите во кујната, бањата, но и во останатите внатрешни простории. Со нив се добива дополнителен слој на заштита од влага и нечистотија со цел да бидат практично и естетски привлечно решение.

    Ѕидните плочки не се препорачуваат за поставување на под, но вообичаена пракса е да се користат подните плочки на ѕид. Разликата помеѓу ѕидните и подните плочки е во процесот на нивното производство, бидејќи подните плочки се произведени за да бидат поиздржливи поради секојдневното оптеретување и движење по нив.

    ПЛОЧКИ СО ГОЛЕМИ ДИМЕНЗИИ

    Плочките со голем формат станаа посебно популарни во последно време. Достапни се во различни големини и воедно се универзални, односно може да се постават во бања, кујна, дневна соба, ходник, но и во комерцијални простори како што се лобијата на хотели, кафулињата и рестораните.

    Колку се поголеми плочките, толку побрзо се поставуваат. Со нив ќе се создадат помалку фуги отколку со плочките кои имаат помали димензии и ќе креираат чувство на пространост во просторијата. И како дополнителен плус: полесно се чистат и полесно се одржуваат.

    МОЗАИК ПЛОЧКИ

    Мозаик плочките често се користат кај еднобојните ѕидови за да го нагласат просторот и да ја разбијат монотонијата. Можностите за комбинирање се неограничени без разлика дали се користат самостојно или како акцентен елемент, тие едноставно ќе го трансформираат просторот.

    Поради малите димензии мозаик плочките се погодни за обложување на закривени или неправилни површини. Исто така, отпорни се на влага, дамки и абење и затоа се применуваат во кујни, бањи, туш кабини и базени.

    ДЕКОРАТИВНИ ПЛОЧКИ

    Декоративните плочки се наменети за оние кои сакаат нивниот простор да зрачи со уникатност и стил. Овие плочки се произведуваат во различни бои, форми и текстури со цел да истакнете одредени делови од вашиот дом или деловен простор.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Материјал
    • Површина
    Производители