Web shop - Продавница
    Menu Close

    Подни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    PG Canberra MP6708 60x60
    PG Canyon Oro 60x60
    PG Delmon Brown 60x120

    PG Delmon Brown 60x120

    Подните плочки PG DELMON BROWN 60x120 внесуваат топлина и природна естетика во вашиот простор, совршени се за создавање удобен амбиент.
    PG Delmon Crema 60x120

    PG Delmon Crema 60x120

    Барате начин да внесете топлина и природен изглед во вашиот простор? Плочките PG DELMON CREMA 60x120 се вистинскиот избор за вас!
    PG Giga Carrara Gold 60x120

    PG Giga Carrara Gold 60x120

    Сакате гламурозен изглед во вашиот простор? Плочките PG GIGA CARRARA GOLD 60x120 ќе ви обезбедат луксуз на секој чекор!
    PG Jazz Dark 60x120

    PG Jazz Dark 60x120

    Дали сакате вашиот простор да оживее во ритамот на џезот? Плочките PG Jazz Dark 60x120 се комбинација на темни тонови и креативна слобода, исто како добра џез композиција.
    PG Jazz Dark 60x60
    PG Lamina Beige 60x120

    PG Lamina Beige 60x120

    Барате ли плочки кои ќе внесат светлина и природен шарм во вашиот дом? Плочките PG Lamina Beige 60x120 се вистинскиот избор за секој простор.
    PG Lamina Crema 60x60
    Слика на Pg liberty MP654 60x60
    PG Mb 6124 60x60
    PG Mecedonia 60x60
    PG Normal White 60x60
    PG Onyx Beige 60x120

    PG Onyx Beige 60x120

    Барате ли плочки кои ќе додадат свежина во вашиот простор? PG Onyx Beige 60x120 има мазни и светли тонови со што е совршено решение!
    PG Onyx Beige 60x60
    PG Orient Beige 80x160

    PG Orient Beige 80x160

    Барате плочки кои ја подигнуваат атмосферата? PG Orient Beige 80x160 со своите суптилни беж тонови внесуваат топлина и просторност во секој простор!

    ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

    PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

    Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

    • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
    • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
    • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

    R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

    Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

    • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
    • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
    • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).

    Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

    ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

    Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

    АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

    Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

    • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
    • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
    • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

    КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

    Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

    РЕКТИФИКАЦИЈА

    Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

    Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

    • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
    • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
    • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

    ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

    • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
    • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
    • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Материјал
    • Површина
    Производители