Web shop - Продавница
    Menu Close

    Подни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    PG Rochester White 60x120

    PG Rochester White 60x120

    Сакате ли простран и светол изглед на вашиот дом? PG Rochester White 60x120 се плочки кои ќе ви овозможат да го направите тоа. Тие имаа изглед имитација на мермер и висок сјај.
    PG Salome Dark Grey 60x120

    PG Salome Dark Grey 60x120

    Барате плочки кои оддаваат елеганција на секој простор? PG Salome Dark Grey 60x120 се идеалниот избор за вас.
    PG Salome Grey 60x120

    PG Salome Grey 60x120

    Барате плочки кои внесуваат иновација и софистицираност на секој простор? PG Salome Dark Grey 60x120 се идеалниот избор за вас.
    PG Sortino 60x60
    PG Sun Onyx 60x120

    PG Sun Onyx 60x120

    PG SUN ONYX 60x120 се подни плочки кои се имитација на оникс со полиран финиш. Нарачајте веднаш!
    PG Super Black 60x60
    PG Travertino 60x120
    PG Tutto Bianco 60x60
    PG Viena Light 60x120

    PG Viena Light 60x120

    Барате подни плочки кои ќе внесат светлина и просторност во секој простор? PG Viena Light 60x120 се вистинскиот избор за вас!
    Piraeus Beige 30x60

    Piraeus Beige 30x60

    Сакате природен тон за вашиот дом? Плочките Piraeus Beige 30x60 создаваат топлина и природна естетика – совршено решение за секој дел на вашиот простор!
    Planet Bianco 15x90

    Planet Bianco 15x90

    Ја сакате топлината на дрвото, но со лесно одржување? Плочките Planet Bianco 15x90 имаат совршен спој на природен изглед и практичност – идеални за вашиот простор!
    Polaris 60x60

    Polaris Rec 60x60

    Polaris Rec 60x60 е плочка која ќе ја внесе елеганција на мермерот во вашиот дом, но без комплицирано одржување. Совршена е за создавање светли и пространи простории.
    Porfido Beige 30x60

    Porfido Beige 30x60

    Санирате градина, тераса или ходник? Плочките Porfido Beige 30x60 ја комбинираат природната топлина и издржливоста – совршен избор за секој проект!
    Porfido Brown 30x60

    Porfido Brown 30x60

    Porfido Brown 30x60 се подни плочки кои имитираат кафеав камен со мат површина. Гранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.
    Porfido Dark Grey 30x60

    Porfido Dark Grey 30x60

    PORFIDO DARK GRAY 30X60 се подни плочки, имитација на камен и мат финиш кој не се лизга.
    Porfido Grey 30x60

    Porfido Grey 30x60

    Porfido Grey 30x60 се подни плочки кои се имитација на сив камен со мат површина. Гранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.

    ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

    PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

    Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

    • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
    • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
    • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

    R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

    Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

    • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
    • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
    • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).

    Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

    ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

    Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

    АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

    Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

    • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
    • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
    • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

    КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

    Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

    РЕКТИФИКАЦИЈА

    Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

    Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

    • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
    • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
    • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

    ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

    • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
    • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
    • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители