Tražiš pločice koje će uneti svetlost u tvoj dom? Prosecco Beige 60x60 je savršen izbor za prostran, prijatan ambijent – otkrij šta sve mogu da promene!
Ви здосади монотониот изглед на просториите во кои престојувате? Prosecco Grigio 30x60 има модерна сива нијанса и практичност – идеално за секој дел од вашиот дом!
Prosecco grigio 60x60 се подни плочки кои се имитација на сив камен со мат површина. Гранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.
Сакате подни плочки кои креираат стил и едноставност во просторот? Prosecco Grigio 60x60 има современ и природен изглед – идеално решение за вашиот дом!
Барате начин како да го освежите просторот? Prosecco Luce 30x60 има современ дизајн и едноставност во одржувањето. Погледнете зошто се совршени за вашиот дом!
Prosecco Luce 60x60 се подни плочки кои се имитација на сив камен со мат површина. ГраГранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.
Prosecco Scuro 9649 30x60 се подни плочки кои се имитација на сив камен со мат површина. Гранитната керамика со визуелен ефект на камен истовремено претставува и елеганција и издржливост сместени во една плочка.
Prosecco scuro 60x60 се подни плочки чиј дизајн е имитација на сив камен со мат површина. Изработени се од гранитната керамика која претставува елеганција и издржливост.
Tražite nešto drugačije? Želite svom prostoru da date pečat originalnosti?
PG MELLOW GOLD 60X120 su podne pločice, imitacije mermera i polirane završne obrade. Elegantna bela sa istaknutim zlatnim žilama je vrlo prefinjen i luksuzan izbor.
Сакате да внесете природни тонови во вашиот простор? Плочките Rock Sand 30x60 имаат текстура и боја на песок – идеални се за топли и хармонични ентериери!
Сакате модерен, индустриски изглед на вашиот простор? Плочките Sasso Antracite 30x60 се вашиот сојузник за создавање импресивен амбиент – робустен и современ!
Барате длабочина и карактер? Sasso Antracite 60x60 плочките ги комбинираат темните тонови и природната текстура за моќен и модерен изглед на просторот!
Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:
PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА
Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:
PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).
R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)
Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:
R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).
Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.
ОТПОРНОСТ НА МРАЗ
Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.
АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)
Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:
<0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
>3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.
КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ
Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.
РЕКТИФИКАЦИЈА
Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.
КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА
Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:
I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.
ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО
Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
Следете не