Web shop - Продавница
    Menu Close

    Подни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Willow Brown 15x60

    Willow Brown 15x60

    Бараш природен изглед на подот без одржување на вистинско дрво? Овие плочки Willow Brown ја внесуваат топлината на природата директно во вашиот дом!
    Yucca Anthracite 15,5x60,5

    Yucca Anthracite 8969 15,5x60,5

    Бараш нови плочки? Yucca Anthracite внесуваат елегантна, привлечна и темна сенка без напор за одржување!
    Yucca Beige 15,5x60,5

    Yucca Beige 15,5x60,5

    Сакаш да го освежиш твојот простор без поголем ремонт? Овие Yucca Beige плочки внесуваат светлина и топлина!
    Yucca Brown 15,5x60,5

    Yucca Brown 8971 15,5x60,5

    Ти здодеа старата, здодевна бањата? Овие Yucca Brown плочки ќе ја внесат модерната промена што ви треба!
    PG Alps White 60x60
    Evolution Stone Quarzite 60x120
    Monteverde Aardor 22,5x90
    Sundurban Noce 22,5x90

    Sundurban Noce 22,5x90

    Ви здосади старата и монотона бања? Време е за промена! Sundurban Noce 22,5x90 – вистинско решение за модерен изглед кој одзема здив.
    Galante Brown 30,3x60,6
    Rossetti Light Grey 30,3x60,6

    Rossetti Light Grey 30,3x60,6

    Барате модерен, минималистички изглед? Плочките Rossetti Light Grey 30,3x60,6 креираат современ индустриски шарм во секој простор!
    Rossetti Light Grey 60,6x60,6

    Rossetti Light Grey 60x60

    Посветла нијанса за вашиот простор? Rossetti Light Grey 60x60 имаат дизајн на цемент, односно стилот кој никогаш не излегува од мода!
    pločice za kupatilo Rossetti Sahara 60,6x60,6

    Rossetti Sahara 60,6x60,6

    Сакате да внесете топлина и светлина во вашиот дом? Плочките Rossetti Sahara 60,6x60,6 имаат природни тонови и едноставност во секојдневното одржување!
    Monteverde Fervor 22,5x90
    Monteverde Noce 22,5x90
    Prosecco Beige 30x60

    Prosecco Beige K 30x60 9648

    Планирате реновирање? Prosecco Beige K 30x60 ќе создаде топол, природен изглед во вашиот простор – совршено за секој дом!
    Urban Antracite Rec KK 59x59

    Urban Antracite Rec KK 59x59

    Urban Antracite 59x59 се ректифицирани плочки кои може да се монтираат со минимална фуга за креирате рамен и елегантен изглед.

    ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

    PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

    Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

    • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
    • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
    • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

    R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

    Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

    • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
    • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
    • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).

    Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

    ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

    Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

    АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

    Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

    • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
    • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
    • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

    КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

    Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

    РЕКТИФИКАЦИЈА

    Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

    Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

    • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
    • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
    • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

    ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

    • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
    • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
    • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители