Web shop - Продавница
    Menu Close

    Подни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Canella Brown 8974 15,5x60,5
    Mattise Brown 30x60
    Thor Brown 1 45x45
    Country Grey 9376 45x45
    Canella Silver 15,5x60,5 8979
    Tirol Grey 9928 K3 60x120
    Aruba Brown 33x33 7426
    Mykonos White 9549 30x60
    Bergen Beige 6056 15x90
    Marmi Statuario 30x60
    Aria Grigio 30x60
    SP Mid Grey 6448 33x33

    SP Mid Grey 6448 33x33

    Барате едноставно решение за под? SP Mid Grey 6448 33x33 е совршен избор за сите простории!
    Dolomite Ivory 60x60
    Dolomite Antracite 60x60
    MG Ark Ivory 60x120
    Marmi White 9518 60x60

    ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

    PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

    Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

    • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
    • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
    • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

    R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

    Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

    • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
    • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
    • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).

    Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

    ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

    Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

    АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

    Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

    • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
    • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
    • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

    КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

    Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

    РЕКТИФИКАЦИЈА

    Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

    Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

    • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
    • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
    • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

    ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

    • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
    • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
    • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Материјал
    • Површина
    Производители