Web shop - Продавница
    Menu Close

    Подни плочки

    Ucitavanje
    Подреди по
    Stark Smoke 60x120

    Stark Smoke 60x120

    Елеганција со потемни тонови! Stark Smoke 60x120 претставува софистицирана неутралност и е совршен избор за простории со модерен дизајн.
    Callisto Beige 9120 1 33x33
    PG Mellow Gold 60x120
    PG Pulpis Grey 60x120
    Слика на MG Ark Ivory 60x60
    Persia Light Grey 45,6x45,6
    Marmi White 30x60 1 9519
    Bergen Brown 6057 15x90
    Pg Sombra Black 60x120
    Bergen Decor Brown 6109 15x90
    Rosseti Antracite 60x60

    Rosseti Antracite 60x60

    Создајте простор со карактер! Плочките Rossetti Antracite 60x60 имаат темен тон и индустриска естетика – идеални за модерен дом или деловен простор.
    Thor Beige 45x45
    Luna  Cool Grey 7 mm 1 60x120
    Pg Pearl 7mm 60x120
    Pg Canyon Grigio 60x120

    Pg Canyon Grigio 60x120

    Барате плочка која ќе создаде фантастичен ефект во вашиот простор? PG Canyon Grigio 60x120 создава модерен и природен изглед. Совршен избор за секој стил!
    Canella Grey 8978 15,5x60,5

    ТОЛКУВАЊЕ НА ТЕХНИЧКИТЕ ОЗНАКИ ЗА ПОДНИ ПЛОЧКИ

    Многу е важно да ги познавате техничките ознаки на плочките за да може да ги изберете соодветните плочки за вашите специфични потреби. Во продолжение е објаснување на најчестите технички ознаки:

    PEI (PORCELAIN ENAMEL INSTITUTE) ОЦЕНА

    Оваа оцена ја означува отпорноста на абење:

    • PEI 1: Плочките се наменети за монтирање на ѕид. Плочките не се погодни за подови.
    • PEI 2: Плочките се погодни за подови со помала фреквенција на движење (на пример бањи).
    • PEI 3: Плочките се идеални за под во станбени простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 4: Плочките се погодни за комерцијални простории со средна фреквенција на движење.
    • PEI 5: Плочките се наменети за под во простории со висока фреквенција на движење (на пример трговски центри).

    R-КЛАСА (ОТПОРНОСТ НА ЛИЗГАЊЕ)

    Се користи за оценување на безбедноста при движење на подлога во влажни простории или за места каде што подот е под агол:

    • R9: Ниска отпорност (за внатрешни простории).
    • R10: Средна отпорност (овие плочки се погодни за кујни, ходници).
    • R11–R13: Висока отпорност (овие плочки се идеални за надворешен простор, базени, кланици, месари и влажни простории).

    Кога избирате плочки, задолжително објаснете му на продавачот за кои простории ви се потребни, за да ви го предложи најдобро можно решение.

    ОТПОРНОСТ НА МРАЗ

    Оваа ознака укажува дека плочките се отпорни на ниски температури и се погодни за надворешна употреба. Обично се означени како "Frost Proof" или на нивната задна страна се наоѓа слика на снегулка.

    АПСОРПЦИЈА НА ВОДА НА ПЛОЧКИТЕ (E)

    Оваа ознака означува колку плочките може да апсорбираат влага:

    • <0.5%: Порцелански плочки (погодни се за внатрешна и надворешна употреба).
    • 0.5–3%: Плочките се погодни за внатрешни простории.
    • >3%: Плочките се препорачуваат само за ѕидна употреба.

    КАЛИБРАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ

    Калибрацијата ја покажува разликата во големината на плочките од една иста серија. Калибрираните плочки имаат минимални разлики кои дозволуваат прецизно фугирање.

    РЕКТИФИКАЦИЈА

    Ректификацијата покажува дека плочките се механички исечени на идентични димензии со што се овозможува користење минимални фуги.

    КЛАСИФИКАЦИЈА НА ПЛОЧКИТЕ ВО I, II и III КЛАСА

    Оваа класификацијата го означува квалитетот на плочките:

    • I (прва) класа: Најдобар квалитет, плочките немаат дефекти.
    • II (втора) класа: Плочките имаат помали визуелни неправилности.
    • III (трета) класа: Видливи неправилности, пониска цена.

    ПОВРШИНА: СЈАЈ/МАТ/ЛАПАТО

    • Сјајните плочки креираат елегантен и луксузен изглед на просторот, ја рефлектираат светлината и овозможуваат истиот да биде посветол.
    • Мат плочките се идеални за модерни ентериери, создаваат дискретен и софистициран изглед, а во исто време се практични бидејќи прашината што се наоѓа на нив е скоро невидлива.
    • Лапато плочките го комбинираат сјајниот и мат ефектот и во основа со нив се добива најдобриот квалитет добиен од сјајните и мат плочките заедно: послаб сјај со текстура која не се лизга.
    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Дизајн
    • Површина
    Производители