Web shop - Продавница enmon.logoalt emporium.closealt
    Menu Close

    WC Казанче

    Ucitavanje
    Подреди по
    Project s501.1 Konzolni Vodokotlić
    Rio Vodokotlić AP 110
    Eco Frame Ugradni Vodokotlić sa Belom Tipkom E2332AC

    ШТО Е ВГРАДЛИВО, А ШТО Е ОБИЧНО ЅИДНО КАЗАНЧЕ?

    Казанчето е клучен дел од секоја WC школка и од него зависи ефикасното испирање и заштеда на вода. Постојат два главни вида на казанчиња: вградливи и ѕидни кои се разликуваат по начинот на инсталација и визуелен ефект во бањата.

    Вградливите казанчиња се скриени во ѕидот, креираат минималистички и модерен изглед, а обичните ѕидни казанчиња се видливи и се монтираат на ѕид и се полесно и истовремено поевтино решение.

    ПРЕДНОСТИ НА ВГРАДЛИВИТЕ И ЅИДНИТЕ КАЗАНЧИЊА

    Предности на вградливите казанчиња

    • Естетски чист изглед: скриени се во ѕидот, креираат едноставен и современ дизајн на бањата.
    • Заштеда на простор: погодни се за помали бањи каде што нема да се гледа казанчето.
    • Тивко пуштање на вода: ѕидот во кој е интегрирано казанчето ја апсорбира бучавата и на тој начин ја намалува буката при пуштање на вода.
    • Лесно одржување: низ копчето за пуштање на вода лесно може да се прави сервисирање на казанчето без да се оштети ѕидот.

    Одберете од линкот ВГРАДЛИВО КАЗАНЧЕ.

    Ѕидни казанчиња

    • Едноставна инсталација: не е потребно вградување на казанчето во ѕидот со што се скратува времето на монтажа.
    • Економично решение: имаат пониски цени во споредба со вградливите модели.
    • Лесна замена: може лесно да се отстранат и заменат со нов модел без дополнителни градежни работи.
    • Компатибилност со различни WC школки: може да се користат со класични, конзолни и моноблок школки.

    Најдете идеално ЅИДНО КАЗАНЧЕ.

    ПОНУДА НА ВГРАДЛИВИТЕ И ЅИДНИТЕ КАЗАНЧИЊА ВО ENMON

    ENMON нуди широк асортиман на казанчиња од реномирани производители, прилагодени за различни потреби и стилови на бањи.

    • Вградливи казанчиња: се вградуваат во метална рамка за да се добие дополнителна стабилност и се компатибилни со конзолните WC школки.
    • Ѕидни казанчиња: класични модели со едноставен систем за пуштање вода, лесно прилагодливи на различни инсталации за довод и одвод на вода.

    КАКО ДА ГО ОДБЕРЕТЕ ВИСТИНСКОТО КАЗАНЧЕ ЗА ВАШАТА БАЊА?

    Кога избирате казанче за вашиот тоалет или бања, важно е да ги имате во предвид следниве фактори:

    • Тип на инсталација: ако сакате казанчето да не се гледа и да добиете современо решение, изберете вградливо казанче. Ако барате полесно и економично решение, тогаш подобро е да изберете обично казанче кое се монтира на ѕидот.
    • Димензии и расположив простор: за инсталација на вградливо казанче потребен е подебел ѕид, а за обичното ѕидно казанче нема предуслови (се монтира директно на ѕидот).
    • Дополнителни функционалности: многу модели имаат можност за двојно пуштање на вода, прилагодлив притисок на вода и технологија за заштеда на вода.

    ИНСТАЛАЦИЈА И ОДРЖУВАЊЕ НА КАЗАНЧИЊА ЗА ТОАЛЕТ ИЛИ БАЊА

    • Професионалната инсталација: препорачливо е инсталацијата на казанчето да се изврши од стручни лица за да бидете сигурни дека монтажа ќе биде правилна, а со тоа производот да има долг век на траење.
    • Одржување и сервисирање: редовното проверување на вентилите и чистење на внатрешните делови на казанчето го продолжуваат неговиот век на траење и обезбедуваат непречена работа.

    ЗОШТО ДА ИЗБЕРЕТЕ КАЗАНЧЕ ОД ENMON?

    • Врвен квалитет и долготрајност
    • Разновидни модели прилагодени на сите потреби
    • Ефикасна употреба на вода со напредни системи за пуштање на водата
    • Лесно одржување и компатибилност со различни видови WC школки

    Со изборот на вградливо или ѕидно казанче од понудата на ENMON ќе добиете квалитет, функционалност и естетска вредност за вашата бања.

    Filter (0) Close
    Filters
    Филтрирај по атрибути
    • Категорија
    • Димензија
    • Бои
    • Додатоци
    • Монтажа
    • Облик
    Производители
    Скоро Видени Производи