LOGIS baterija za kadu je jednoručna slavina za kadu sa GROHE StarLight hrom premazom, namenjena zidnoj ugradnji. Ima metalnu ručicu i podesiv limitator protoka vode.
СЛАВИНИ ЗА БАЊА – КАКО ДА ЈА ИЗБЕРЕТЕ ВИСТИНСКАТА?
Доколку опремувате или реновирате бања, изборот на славини е една од клучните одлуки. Категоријата славини за бања кај нас опфаќа сè што ви е потребно: од функционалност до стил кој ќе се совпаѓа со вашиот простор.
ВИДОВИ СЛАВИНИ ЗА БАЊА
Ајде да ги разгледаме најчестите видови на славини за бања за да може секој да го најде токму она што му е потребно.
СЛАВИНИ ЗА КАДА
Доколку сакате практичност и стил, следните славини се идеални:
Ѕидни славини: штедат на простор и имаат модерен и минималистички изглед.
Самостоечки славини: го создаваат луксузот на бањата, посебно кај самостоечките кади.
Славини монтирани на работ на када: истовремено ги комбинираат и функционалноста и елегантниот дизајн.
СЛАВИНИ ЗА ТУШ КАБИНА
Прилагодени се за совршено искуство под тушот. Ги има и со опција со термостатски вентили за прецизна контрола на температурата. Можете да изберете помеѓу ѕидни, вградливи или комбинирани модели на туш системи.
СЛАВИНИ ЗА БИДЕ
Овие славини ја овозможуваат хигиената со лесно прилагодување на температурата и протокот. Еколошки се прифатливи, бидејќи многу модели имаат аератори кои ја намалуваат потрошувачката на вода.
СЛАВИНИ ЗА МИЈАЛНИК
Од класични до современи модели, славините за мијалник се прилагодуваат на секој мијалник и овозможуваат лесна употреба, бидејќи имаат различни висини и стилови.
ВГРАДЛИВИ СЛАВИНИ
Доколку вашата цел е модерен и истовремено минималистички изглед на вашата бања, вградливите славини се вистински избор. Тие се инсталираат директно во ѕидот со што се заштедува простор и оддаваат уреден изглед на бањата.
ЗОШТО СЕ ПОСЕБНИ ENMON СЛАВИНИТЕ ЗА БАЊА?
Квалитет: славините треба да содржат најмалку 58% бакар и 32% цинк. Повеќето славини на пазарот во Македонија не содржат бакар со овие проценти, а бакарот претставува мерка за квалитет. Што поголем процент на бакар има славината, толку истата е подолготрајна и поиздржлива. Enmon славините содржат 60% бакар и 35% цинк и затоа како компанија сме апсолутни лидери во квалитетот.
Естетика: дизајни прилагодени на секој стил – од класични до современи.
Технологија: заштеда на вода, термостатски функции и лесно одржување.
Изберете славина со која вашата бања истовремено ќе биде функционална и стилска. Погледнете ја нашата понуда и најдете го совршениот модел за вашиот дом!
Следете не